Monday, November 23, 2020

Студенти медиокритети vs. одлични студенти

 

Карактеристики

Студенти медиокритети

Одлични студенти

Работни навики

Истражувањето го гледа како административна работа од  "8-16". Не работи ништо во време на викендите и за него завршува работата во петокот попладне. За нив експериментот е "губење премногу време." Врши експерименти само ако го подбуцнува менторот.

Го користи времето ефикасно и се подготвени да работат надвор од вообичаените работни часови, вклучувајќи ги и вечери и викенди, за да се обезбеди истражувањето и да се заврши навремено и да се работи по највисоките стандарди. Проактивно и самоиницијативно иницира експерименти.

Читање списанија

Чита само трудови обезбедени од страна на менторот или други студенти, или воопшто не чита.

Активно и континуирано врши литературни пребарувања и самостојно  лоцира добри трудови.

Истражувачка хипотеза

Работи на истражувачка хипотеза развиена од страна на менторот или други.

Независно и континуирано формулира истражувачки хипотези за неговиот сопствен проект и за други проекти кои не се директно поврзани со проектот за студентот.

Пишување

Пишува само кога е принуден од страна на менторот.

Постојано пишува, вклучувајќи одржување ажуриран преглед на литература на релевантни теми, пишување на публикации и извештаи, како и развивање на истражувачки протоколи.

Публицирање

Гледа на објавување како на мачна работа. Мал напор вложува во развојот на ракописи и се претпоставува дека менторот ќе му го допише или поправа трудот.

Сфаќа дека објавувањето на резултатите од истражувањата е огромно и фокусира значителен напор во развивање и пишување ракописи. Постојано развива нови идеи и проактивно пристапува заедно со менторот во потенцијални ракописи.

Решавање проблеми

Од менторот бара помош за решавање на одредени проблеми

Гледа на истражувачките проблеми како можност да расте и да научи. Развива потенцијални решенија на проблемите и дискутира за нив со менторот.

Тимска работа

Се фокусира исклучиво на сопствени истражувања.

Разбира дека заедничката работа е клучна компонента на сопствениот успех на студентот, и затоа доброволно помага на другите колеги во проекти и други лабораториски задолженија.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.