Saturday, November 30, 2024

Пријавување за семинар ФФА

Почитувани студенти,

Време е да почнете да размислувате за семинарот по предметот Физиологија со функционална анатомија. Се задолжува студентката со број на индекс 26185/24 да направи список на заинтересирани студенти кои сакаат да си ја презентираат својата семинарска работа. Презентациите треба да се подготват во програмот Power Point и треба да бидат проектирани на најмногу 10 минути. Оценувањето е од 1 до 5 ЕКТС поени. Семинарот по ФФА ќе се реализира најверојатно на 9 јануари 2025 година. Рокот за пријавување е 5-ти или најдоцна 12-ти декември 2024 година. Студентката треба да подготви табела во програмот Ворд во која треба да ги има следните четири колони: име и презиме, број на индекс, наслов на темата и поени. Списокот да ми го достави во печатена верзија во еден од горенаведните датуми за време на наставата.

Со почит,

Предметен наставник

Резултати од семинарските трудови ФФА - 30.11.2024

Почитувани студенти,

Во прилог се освоените ЕКТС поени од семинарските трудови и од оние кои што го положија првиот колоквиум. Се разбира дека конечна листа ќе има на крајот на семестарот некаде околу 10 јануари кога ќе се завршат сите активности. Вие сте должни да си го следите бројот на поени и ако на пример на семинарската тема имате помалку од 4 поени, а сте направиле по 2 минуси на предавања и 2 на вежби, веднаш да побарате друга активност за да можете да освоите задолжителни 15 ЕКТС поени.

Напомена: прегледани се семинарските трудови кои што се оставени вчера до 14:30 часот. Другите ќе бидат прегледани наредната седмица.

Со почит,

Предметен наставник

Friday, November 29, 2024

15 ЕКТС поени - 03.12.2024

Почитувани студенти,

Иако денешниот термин се` уште трае до овој момент не дојде ниту еден студент/ка. Веројатно нема ни да дојде, што не е добро. Следниот термин ќе биде на 3 декември 2024 година во периодот од 11:00 до 12:00 часот во мојот кабинет. Покрај тоа што треба да ги носат трите задачи отпечатено (ако досега не ги предале), треба да бидат подготвени истите да ги одбранат. Овој термин важи и за сите оние други студенти од минатите генерации што не освоиле доволно поени. 

Напомена: Имајте во вид дека до 30.12.2024 ќе има само уште 1-2 вакви термина, така што ако сакате да полагате во јануарската сесија, ќе мора поскоро да си ги завршите обврските. Во јануари нема да има вакви термини за освојување на 15 ЕКТС поени.

Предметен наставник

Thursday, November 28, 2024

15 ЕКТС поени - 29.11.2024

Почитувани студенти,

Ги поканувам сите вонредни студенти кои не доаѓаат на настава да дојдат утре 29.11.2024 година во периодот од 13:00 до 14:00 часот во мојот кабинет. Покрај тоа што треба да ги носат трите задачи отпечатено, треба да бидат подготвени истите да ги одбранат. Овој термин важи и за сите оние други студенти од минатите генерации пто не освоиле доволно поени. Имајте во вид дека до 30.12.2024 ќе има само уште 2-3 вакви термина, така што ако сакате да полагате во јануарската сесија, ќе мора поскоро да си ги завршите обврските. Напоменувам дека во јануари нема да има вакви термини за освојување на 15 ЕКТС поени.

Предметен наставник

Monday, November 25, 2024

Предавање на семинарските трудови

Почитувани студенти,

ИТ одговорното лице на ФЗФ ме информираше дека имало посериозен проблем со Мајкрософт Тимс платформата, на кој што колегите од ФИНКИ веќе работеле. Не сум сигурен дека брзо ќе го решат и затоа мора да имаме план Б. Крајниот рок што беше даден 30 ноември, бидејќи е сабота, се поместува за петок (29 ноември). Вие сте должни да проверите заклучно со 28 ноември дали системот функционира. Доколку не можете да креирате кориснички профил, тогаш сте должни семинарскиот труд да ми го доставите во печатена верзија најдоцна до 15:00 часот на 29 ноември во библиотеката на ИСЕР, поточно во мојот поштенски фах. За да не се трошите можете да печатите и двострано и не мора да биде во спирали или папки укоричено, но барем да биде споено со хефталка и да биде во фолија предадено. Обврската да го прикачите електронски ви стои до 15.01.2025 година, период за кој се надевам дека ќе биде решен проблемот.

Напомена: не ми праќајте на е-пошта и нема да примам ниту една семинарска во лабораторијата во четврток.

Предметен наставник

Thursday, November 14, 2024

Резултати од првиот колоквиум ФФА - 14.11.2024

Почитувани студенти,

Повелете резултати од утринскиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија. Честитки до положените. Другите да учите многу повеќе за на испит во јануарската сесија 2025 година.

Реден број

Број на индекс

ЕКТС

поени

1.       

1158/24

29.5

2.       

26185/24

28.5

3.       

26189/24

25

4.       

26191/24

22.5

5.       

26184/24

22

6.       

26262/24

22

7.       

26254/24

20

8.       

26274/24

17.5 условно

9.       

11491/24

17 условно

10.   

25379/20

15

11.   

26275/24

15

12.   

26303/24

13

13.   

11582/24

13

14.   

11493/24

12.5

15.   

26266/24

12

16.   

11571/24

10.5

17.   

26264/24

10

18.   

24644/18

9.5

19.   

26269/24

9.5

20.   

11483/24

9

21.   

1577/24

8.5

22.   

26298/24

8.5

23.   

26277/24

7

24.   

25333/20

6

25.   

11566/24

6

26.   

26283/24

5.5

27.   

11489/24

5.5

28.   

26287/24

5

29.   

11466/24

5

30.   

11484/24

4.5

31.   

26139/23

4.5

32.   

11498/24

4.5

33.   

26279/24

4

34.   

26145/23

4

35.   

11506/24

3

36.   

11499/24

3

37.   

11496/24

3

38.   

11486/24

1

39.   

11490/24

1

40.   

10918/21

1

Забелешка: Колоквиумот се смета за положен со освоени најмалку 18 поени. Условно се пуштени само студентите со 17 и 17.5 поени и на наредниот колоквиум ќе мора да освојат најмалку 18.5 и 19 поени за да се смета за положен.

Предметен нставник

Резултати од првиот колоквиум МОИ - 14.11.2024

Почитувани студенти,

Првиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста го полагаше една студентка со број на индекс 11430/23 и истиот го положи со 25 поени од можни 35. Честитки до неа и да продолжи да учи со засилено темпо.

Предметен наставник

Wednesday, November 6, 2024

PhysioEx вежба број 4

Почитувани студенти,

Утре, 7 ноември на вежбите ќе започнеме со разработка на Нервен ситем. Повелете неколку корисни видео клипови.




Предметен наставник






Monday, November 4, 2024

Термин за прв колоквиум - ноември 2024

Почитувани студенти,

Сакам да ги споделам термините за првите колоквиуми по предметите Физиологија со функционална анатомија и Медицински основи на инвалидноста. Двата колоквиума ќе се полагаат во 8:00 часот на 14 ноември (четврток) во амфитеатар 3 на ФЗФ (попознат уште како голем амфитеатар).  Потребно е да дојдете 15 минути претходно. Никакви доцнења не се дозволени!

Ве молам за пополнување на анкетите ОВДЕ.

Ги замолувам сите студенти што не се доволно подготвени да не се брукаат и да не доаѓаат туку-така да полагаат, бидејќи тоа го оптеретува моето време за прегледување. Досега не е познато дека некој студент/ка положиле на среќа. Прашањата можам да ви ги покажам на консултации по завршувањето на колоквиумот, ако ве интересираат, за тие студенти што нема да дојдат да полагаат. Го задржувам правото на промена на терминот заради учество на непосакувана „виша сила“.

Предметен наставник

Најчести грешки на колоквиумите

Почитувани студенти,

Сакам да ви укажам на најчестите грешки кои се прават, со цел да не се повторуваат во иднина.

  • Се појавувате на колоквиум недоволно подготвени, само за да го видите тестот, нешто што е неприфатливо. Сум ви рекол дека во секое време можам да ви го покажам тестот.
  • Честопати на тестот не го пишувате бројот на индексот 10681/24, а поретко ниту име и презиме. Задолжително се пишуваат и двете;
  • Не заокружувате доволно јасно, се чини како да штедите пенкало;
  • Се пишува исклучиво само со сино пенкало;
  • Не пишувате со читливи, разбирливи и јасни букви;
  • Не носите индекс или студентска легитимација за идентификација;
  • Заборавате да го исклучите звукот на мобилните или алармите, а такви уреди не се дозволени додека трае полагањето;
  • Носите само едно пенкало, кое понекогаш престанува да пишува;
  • Не го почитувате правилото да дојдете 15 минути пред закажаниот термин за испит (едно од најважните правила;
  • Не одговарате целосно на дефинициите, туку само кратко и затоа освојувате само делумен број на поени, или воопшто не освојувате поени;
  • На ги учите есејските прашања по предметот МОИ, ги оставате празни, а тие носат по околу 8 поени;
  • Кај кариограм и родословно стебло по предметите ХГ и ХГФ, пишувате дека се работи за кариограм, кариотип или родословно стебло, наместо да ги опишете за кој кариограм се работи, кој синдром ако е синдром и која е формулата, или типот на наследување кај родословното стебло;
  • Не се пријавувате на анкетите за полагање на колоквиум.
Предметен наставник

Анкета за првите колоквиуми ФФА и МОИ - ноември 2024

Почитувани студенти од ИСЕР,

Како би можел правилно да ги планирам двата колоквиуми, ве замолувам да потрошите 20 секунди и да ги пополните анкетите час поскоро.

Доколку сакате да го полагате првиот колоквиум по Физиологија со функционална анатомија пополнете ОВДЕ.

Студентите кои ќе го полагаат предметот Медицински основи на инвалидноста треба да ја пополнат анкетата ОВДЕ

Други колоквиуми по други предмети НЕМА да се полагаат во колоквиумската недела.

Со почит,

Предметен наставник