Showing posts with label настава. Show all posts
Showing posts with label настава. Show all posts

Tuesday, February 12, 2019

Информација за предметот Хумана генетика

Почитувани студенти од прва година,
Предавањата и вежбите по предметот Хумана генетика започнуваат на 19.02.2019 (вторник) година во лабораторијата на Педагошкиот факултет во Скопје (добро познато место за вас). Предавањата започнуваат во 08:00 часот, а вие е потребно да бидете таму 10-15 минути пред почетокот на истите. Вежбите ќе започнат со прва група од 10:45 часот, а втората група ќе има од 12:15 часот. За да можете да ја следите наставата на практичните вежби потребно е да прочитате вежба број 1 Видови микроскоп и микроскопирање од Практикумот по Хумана генетика. Известени сте на време една седмица пред почетокот на наставата и не сакам да чујам гласини дека не сте знаеле.
Предметен наставник

Saturday, January 5, 2019

Настава по предметот Планирање на научно истражување - 08.01.2019

Почитувани последипломци,

Моите 4 часови по предметот Планирање на научно истражување ќе се одржат на 08.01.2019 година во слушална 11 на ФЗФ со почеток во 16:00 часот. Присуството е задолжително, а воедно ве замолувам да бидете точни.
Предметен наставник