Showing posts with label почеток. Show all posts
Showing posts with label почеток. Show all posts

Thursday, October 1, 2020

Среќен почеток на академската година

Почитувани студенти,

Ви посакувам успешен почеток на најчудната, најтешката и најнезивесната академска година прво на бруцошите, па потоа и на другите генерации и секако и на апсолвентите. Се наоѓаме во многу тешко време каде што студентите ќе треба да ме зашознаваат мене и јас нив преку екранот на нивните компјутери, таблети, мобилни и слично. Вака чудно и да не речам огорчено не сум се чувстувал никогаш на 1 октомври. Вие бруцошите ќе треба да вложите големи напори во усвојувањето на материјалот заради тоа што настава со физичко присуство и настава преку онлајн платформи не е исто. Јас ќе се обидам да ви го трасирам патот и несебично да го вложувам својот труд во објаснувањето на поимите од предметите кои ги предавам на двата инситута. Во тоа да немате сомнеж. Вам ви останува будно да ги следите предавањата, вежбите тие што треба да ги имате и редовно да учите. За време на електронската настава доколку само се вклучите на почетотокот за да бидете регистрирани дека сте присутни, да знаете дека не сте ме измамиле мене, туку себе. Моите предмети тешко се учат самостојно без слушање на предавања и вежби и затоа уште на почетокот ви укажувам дека треба да бидете присутни и со широко отворени очи и уши будно да ги следите истите. Немам сомнеж дека по корона вирусот ќе го запомните почетокот на оваа академска година, но ако треба по нешто убаво да го запомните, тоа е сончевиот прекрасен ден. Сонцето како симбол на животот и на прогресот воопшто. Нека ви честит почетокот на академската година!

Предметен наставник