Showing posts with label 2 април. Show all posts
Showing posts with label 2 април. Show all posts

Thursday, April 2, 2020

2 април 2020 - WAAD

Почитувани колешки и колеги, драги пријатели,
Како што знаете денес е меѓународниот ден за подигнување на свесноста на аутизмот. Оваа година поминува во знакот на тешката Covid-19 вирусна инфекција. Во прилог можете да ја видите пораката од генералниот секретар на ОН г-дин Антонио Гутереш. Ние како МНЗА во изминатите години сторивме доста работи за да го одбележиме овој ден и да дадеме поголемо значење на лицата со аутистичен спектар на нарушувања во македонското општетство. Оваа години од разбирливи причини ќе бидеме присутни на социјалните медиуми и доколку се укаже потреба подготвени да дадеме изјави за мас медиумите. Досега наши членови дадоа неколку интервјуа за пишаните медиуми. Јас како претседател во 11:00 часот на мојот Јутјуб канал ќе го одржам третиот Вебинар во низа посветен на аутизмот под наслов: „Аутизмот во Македонија - актуелни состојби, дилеми и предизвици“. Ние продолжуваме да работиме на проектите кои ги започнавме, имаме и нови предизвици со Covid-19 вирусот, работиме на брошурата финансиски поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, а во мај ќе ја прославиме 20 годипнината од нашето постоење. Следете не` на социјланите медиуми: Facebook, Twitter: @AutismMacedonia, Linkedin, Instagram: @mssaautism, YouTube: Macedonian Scientific Society for Autism.
Останете дома! Останете во добро здравје!
Претседател на МНЗА


Tuesday, March 31, 2020

Трет вебинар на проф. д-р Владимир Трајковски - Аутизмот во Македонија- актуелни состојби, дилеми и предизвици

Почитувани колешки и колеги, драги студенти и родители,
Останувам достоен на ветеното дека во време на опасна Корона вирусна инфекција бесплатно ќе презентирам вебинари посеветени на аутизмот. Овој пат повод е 2 април, меѓународниот ден за подигнување на свесноста на аутизмот. Во четврток на мојот Јутјуб канал со почеток во 11:00 часот ќе зборувам на тема: „Аутизмот во Македонија- актуелни состојби, дилеми и предизвици“. Ве поканувам масовно да ми се придружите и да поставувате прашања доклку нешто дополнително ве интересира.


Претседател на МНЗА