Вчера координаторката на ЕКТС на нашиот институт ме замоли да ги дадам термините за полагање во дополнителните сесии февруарска, мартовска и априлска за оваа тековна година. Да можат и во јули ќе дадат сесија. Испаѓа дека ние професорите на ФЗФ сме создадени само за да спроведуваме испити. Предавања, проекти, пишување трудови, активизам во НВО секторот, уредување на списанија не треба да правиме, туку само да спроведуваме тестови. Кого го интересира тоа? Не сум сигурен колку овие сесии се усогласени со законот за високо образование, но да не бидам party breaker ќе ги дадам термините. Мислам дека ако некому дадеш и 10 сесии во 3 месеци, ако не учи по 10-12 часа дневно нема да ги положи испитите кај мене. Такви се предметите - тешки, бараат откажување од многу земски задоволства. Сесиите важат за студентите по стара програма.
Повелете термини:
21.02.2014 во 08:15 часот сите испити
24.03.2014 во 08:15 часот сите испити
25.04.2014 во 08:15 часот сите испити
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment