Многу пред Владата на РМ да се сети на импакт факторот ние тројца ентузијасти на 25 јуни 2012 година на Филозофскиот факултет во Скопје организиравме трибина за факторот на влијание (импaкт фактор) под наслов „Значењето на импакт факторот за науката во Македонија„. Отворивме многу теми и дилеми. Од МОН имаше претставник од петтиот ешалон кој на дискусијата за жал од непознати причини си замина (седеше само на предавањата). Не ги слушнаа нашите барања и заложби. Со импакт факторот треба да се биде многу внимателен, да не се мешаат „баби и жаби„ т.е. општествени и биомедицински и технички науки. Уште од пред шест години бараме финансирање на списанијата од РМ за да може да бидеме поконкуретни со другите списанија во светот. МОН нема дадено ниту денар на ДТП/JSER во последните шест години додека сум главен и одговорен уредник. Пред три години бев на разговор кај државниот секретар во МОН на која и предочив дека државата мора да вложи финансиски средства со претплата на базите од Томсон Ројтерс, а посебно на Web of Science. До денес ништо не е вложено за претплата на базите од Томсон Ројтерес. Не можете вие да барате врвни резултати и објавување на трудови во првите 50% од списанијата од областа, а притоа да вложувате само 0.2% од буџетот во образование и наука. Уште еднаш ќе повторам нешто што сум го кажал на моите социјални медиуми јас лично немам никаков проблем со објавување на трудови со имапкт фактор бидејќи во моментот ги имам седум, а уште два ќе бидат објавени во следните неколку месеци бидејќи се прифатени за печат. Со ова сакам да им ја олеснам работата на новинарите блиски до власта или до господата од МОН да не губат време да ме пребаруваат. Разни корелации на мојата личност со опозицијата или со разни фондации однапред најрезигнатно ги отфрлам како неточни и невистинити и ќе ги сметам за клевета, бидејќи сите што ме познаваат многу добро знаат дека не сум политички определен, а најмалку припаѓам на опозицијата. Во продолжение ќе ви проследам три видео клипови од таа трибина одржана во јуни 2012 година.
На следниот линк ќе можете да го погледнете воведниот дел од трибината.
Моето предавање беше под наслов: „Имапкт факторот и неговото значење за списанијата во Македонија со посебен осврт на JSER" и него може да го проследите овде:
По трите предавања следеше куса дискусија која ви ја проследувам во целост.
Драги читатели, проценете сами колку била неопходна оваа трибина пред 2,5 години и кое е нејзиното значење во денешно време. Ви благодарам за следењето на видеоклиповите.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment