Ве информирам дека утре (понеделник) 29.06.2015 во периодот од 10:00 до 13:00 часот ќе пишувам оцени во мојот кабинет. Заради избегнување на секаков вид манипулации или грешки пожелно е да дојдете лично. Но, ако некои студенти предвремено го напуштиле главниот град и морале од разно-разни причини да се упатат во своите родни огништа, тогаш дозволувам индексот да го дадат само на колега или колешка кои за мене се добро познати. На непознати лица не пишувам оцени. Имајќи во вид дека се ближиме кон летните одмори, ова ќе биде вториот и последен ден за оваа сесија наменет за пишување оцени.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment