Вечерва ќе ми биде чест да бидам гостин на ноќната програма на радио Скопје со една од подобрите новинарки во РМ госпоѓа Камелија Шојлевска. Емисијата започнува во 22:30 часот и со музички нумери и вести помеѓу ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Јас знам дека радиото не е толку популарен медиум како во 90-тите години на минатиот век, кога само во Скопје имаше триесетина радио станици, но исто така знам дека луѓето кои се трета смена редовно ги следат ноќните програми на радио Скопје. Ќе говориме во опуштена атмосфера за сите аспекти на аутизмот. Ве поканувам на фреквенциите 97.30, 98.90 MHz и многу други или доколку не сте од Скопје и од Македонија да не` следите во живо на интернет на следниот линк.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment