Со овој апстракт на предговор сакам да ви го најавам најновиот број 3-4 за 2015 на списанието Дефектолошка теорија и практика кое денес влезе во печат и во четврток на 5 ноември го очекуваме да се појави во нашите витрини.
Главен и одговорен уредник
Владимир ТРАЈКОВСКИ
Дефектолошка теорија и практика
Институт за дефектологија
Филозофски факултет
Скопје, Република Македонија
Резиме
Во овој предговор е опишан растежот на списанието Дефектолошка теорија и практика во последните 18 години откако започна да се издава. Иако започна како локално и стручно, сепак успеа да се развие во интернационално и научно и да привлече голем број автори од преку 30 држави од светот. Моментно списанието е индексирано во 65 светски бази на податоци.
Македонија претставува тешка периферија во светот на науката. Но, тоа не го спречува списанието од година во година да станува сѐ повидливо и позначајно во научните области кои го обработуваат полето на специјална едукација и рехабилитација. Во нашата држава постојат многу фактори кои го попречуваат патот за создавање на високо квалитетно научно списание. Истите се детално дискутирани во трудот.
За да се достигне повисока релевантност на списанието, потребна е голема и беспрекорна посветеност на луѓето кои работат во издавачките канцеларии.
Уредниците од малите списанија од регионот треба да си ги разменуваат сопствените искуства. Уредничките тимови на помалите списанија треба да собираат искуство од поголемите списанија. Тие треба да вложат повеќе напори во зголемување на видливоста на списанието на интернет, а тоа можат да го сторат преку споделување на трудовите на социјалните медиуми. Надлежното Министерство за образование и наука треба да одвои поголем процент од бруто домашниот производ за издавачка дејност за да може малите списанија да станат порелевантни во светот на науката.
Се наметнува заклучокот дека малите списанија може да придонесат со релевантни научни информации во светот на науката.
Клучни зборови: Дефектолошка теорија и практика, научна периферија, научно списание, квалитет на списание
No comments:
Post a Comment