Saturday, March 14, 2020

5-то предавање ХГ онлајн на Јутјуб - 17.03.2020

Почитувани студенти,
Како што предвидов минатиот вторник дека МЗ ќе преземе изолативни мерки тоа и се оствари. Ние мораме да се прилагодуваме на новонастаната ситуација. Овој принуден распуст не ви е даден за уживање, туку за да се превенираат поголеми ширења и смртни последици од вирусот Ковид-19. Тоа значи дека ако не одите физички на настава, ќе може да се надополни со онлјан предавања преку мојот Јутјуб канал. Во Словенија на пример имаат специјален програм и наставата и од вторникот се` си тече преку видеоконференциска врска со тој програм. Искрено се надевам дека нашите надлежни во МОН, УКИМ и ФЗФ ќе имаат сили и можности брзо да реагираат и да најдат решение за овој проблем.
Предавањето ќе почне во стандардниот термин во вторник на 17.03.2020 во 08:00 часот. Претходно неколку минути во групата на ФБ ќе биде споделено обавестување на кое вие ќе треба да ставите коментар Присутен/Присутна. По завршувањето на предавањето ќе треба директно под моето видео на Јутјуб каналот повторно во коментар да ставите Присутен/Присутна и тоа не подоцна од 5 минути од завршување на предавањето. Врз основа на тие коментари ќе бидат евидентирани плусови за присуство и минуси за отсуство. Тоа значи исто како и физички да сте биле приустни. Искрено се надевам дека нема да се користите со трикови да бидете присутни само на почетокот и на крајот на предвањето, бидејќи така сте се излажале себе си, а не мене. Материјалот мора да се научи и со тоа ќе се оди на испит. Не сум сигурен дека ќе има продолжување на семестарот во јуни. Дури и да има такво нешто, ние во регуларниот термин на овој начин ќе си ја завршиме наставата.
Следете го редовно мојот блог и ФБ профил за евентуално некои нови напатствија.
Ви благодарам на разбирањето.
Предметен наставник


No comments:

Post a Comment