По одиличната посетеност на првиот вебинар кој за само два дена е посетен 332 пати го закажувам мојот втор вебинар за понеделник 23.03.2020 година. За потсетување ќе презентирам мои предавања кои сум ги предавал на конгреси и конференции во земјата и странство во изминатите години, а кои пшошироката македонска јавност не можела да ги слушне. Искрено се надевам дека овие мои предавања преку мојот Јутјуб канал ќе разбудат интерес кај помладите колешки и колеги, кај студентите и родителите на децата со АСН. За понеделник го најавувам вебинарот под наслов: Медицински аспекти кај аутистичен спектар на нарушувања. Вебинарот ќе започне во 11:00 часот и ќе можете да го следите на линкот. Вие ќе можете да поставувате прашања во живо, а одговор ќе добиете по завршување на вебинарот. Останете дома, не си играјте со Корона!
Претседател на МНЗА
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment