Како што веќе објавив вчера во вашите ФБ групи наставата по предметот Хумана генетика од вторник 07.04.2020 ќе се одвива преку програмот Microsoft Teams кој што треба да го сименте на вашите компјутери, таблети или мобилни уреди. Има опција и онлјан, но мислам дека е подобро да го симнете програмот. Предавањето ќе започне во 09:00 часот. Ве молам бидете точни како и секогаш. Вие вчера добивте и други напатствија од страна на деканатот на ФЗФ. Предавањата се задолжителни за сите студенти од прва година и за оние од втора година кои го презапишале предметот. Еве овде ќе повторам некои напомени:
- Пријавувањето за оние кои немаат пристап во сервисите на УКИМ се врши на страницата https://servisi.ukim.mk/.
- Начинот детално ви е објаснет во видео прилогот https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4 (Upatstvo za najava na e-servisite na UKIM), за дознавање на корисничко име/студентска e-mail адреса и промена на лозинка.
- Инсталирајте ја платформата преку https://products.office.com/en-ww/microsoft-teams/download-app#desktopAppDownloadregion
- Отворени се сите сметки на студентите на Филозофскиот факултет. Сите се со име ime.prezime@students.fzf.ukim.mk.
- Доколку имате проблеми со инсталирање на desktop апликацијата Teams, користете ја web верзијата
- Во текот на Online предавањето сите студенти да бидат на Mute, по предавањето може да се вклучите во интерактивен контакт со мене и да поставувате прашања.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment