Showing posts with label Microsoft Teams. Show all posts
Showing posts with label Microsoft Teams. Show all posts

Tuesday, November 10, 2026

Известување за задолжително доставување на студентските задачи преку Microsoft Teams

Почитувани студенти,

Ова известување се однесува на сите студенти, редовни и вонредни, како од актуелната академска година, така и од претходните генерации кои сè уште имаат обврски по предметот Физиологија со функционална анатомија.

Ве информирам дека доставувањето на сите семинарски трудови, интернет-ресурси и обработени научни трудови задолжително треба да се врши исклучиво преку платформата Microsoft Teams, во рамките на тимот на предметот „Физиологија со функционална анатомија“. Доставување на овие материјали преку електронска пошта нема да се прифаќа.

Поради тоа, сите студенти кои имаат обврски по предметот треба да бидат приклучени и примени во соодветниот тим на Microsoft Teams.

Посебно нагласувам дека прикачувањето на задачите мора да се врши организирано, во соодветните фолдери предвидени за секој вид студентска активност:

  • Семинарски труд 2026/2027

  • Интернет ресурси 2026/2027

  • Обработка на труд 2026/2027

Ве молам да обрнете внимание секоја задача да биде прикачена во соодветниот фолдер за академската 2026/2027 година, со цел да се овозможат правилна евиденција, систематизација и навремено прегледување на доставените материјали.

Крајниот рок за доставување на сите предвидени задачи е 30 ноември 2026 година, до 23:59 часот.

Ве молам навремено да ги исполните своите обврски и доследно да ги почитувате наведените инструкции. Непочитувањето на утврдениот начин на доставување и пропуштањето на крајниот рок може да доведат до тоа задачите да не бидат евидентирани и земени предвид при исполнувањето на студентските обврски по предметот.

Ви благодарам за разбирањето и соработката.

Предметен наставник


Saturday, April 4, 2020

Онлајн настава по Хумана генетика преку Microsoft Teams - 07.04.2020

Почитувани студенти,
Како што веќе објавив вчера во вашите ФБ групи наставата по предметот Хумана генетика од вторник 07.04.2020 ќе се одвива преку програмот Microsoft Teams кој што треба да го сименте на вашите компјутери, таблети или мобилни уреди. Има опција и онлјан, но мислам дека е подобро да го симнете програмот. Предавањето ќе започне во 09:00 часот. Ве молам бидете точни како и секогаш. Вие вчера добивте и други напатствија од страна на деканатот на ФЗФ. Предавањата се задолжителни за сите студенти од прва година и за оние од втора година кои го презапишале предметот. Еве овде ќе повторам некои напомени:
  1. Пријавувањето за оние кои немаат пристап во сервисите на УКИМ се врши на страницата https://servisi.ukim.mk/.
  2. Начинот детално ви е објаснет во видео прилогот https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4 (Upatstvo za najava na e-servisite na UKIM), за дознавање на корисничко име/студентска e-mail адреса и промена на лозинка.
  3. Инсталирајте ја платформата преку https://products.office.com/en-ww/microsoft-teams/download-app#desktopAppDownloadregion
  4. Отворени се сите сметки на студентите на Филозофскиот факултет. Сите се со име ime.prezime@students.fzf.ukim.mk.
  5. Доколку имате проблеми со инсталирање на desktop апликацијата Teams, користете ја web верзијата
  6. Во текот на Online предавањето сите студенти да бидат на Mute, по предавањето може да се вклучите во интерактивен контакт со мене и да поставувате прашања.
Предметен наставник