Почитувани студенти од ИСЕР,
Покрај исклучителниот тежок период низ кој минувам, ќе се обидам утре вторник (16.02.2021) година со почеток во 8:00 часот на платформата Мајкрофост Тимс да го одржам првото предавање по Хумана генетика. На предавањата и вежбите должни се плус да присуствуваат сите преслушувачи од повозрасните генерации. Предавањата ќе се одржат на следниот ЛИНК, а сите од прва година треба да побараат пристап. Утре ќе се одржат само предавања, а вежбите ќе започнат наредните седмици. Вие сте должни да бидете на платформата околу 10 минути пред почетокот на предавањето. Во случај да не се вклучам на платформата во 8:00, должни сте да ме чекате најмногу 10 минути. Тоа би значело дека ми излегле непредвидени работи. Потоа сте слободни.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment