Showing posts with label Институт за психологија. Show all posts
Showing posts with label Институт за психологија. Show all posts

Friday, September 27, 2024

Нема предавања ХГФ

Почитувани студенти од Институтот за психологија,

Сакам да ве информирам дека предавања по предметот Хумана генетика и физиологија повеќе нема да се одржуваат. Вашите професори од ИП во 2023 година го укинаа предметот. Тоа што минатата година ви држев предавања беше поради моја добра волја. Се гледаме на испит најрано во јануарската сесија.

Со почит,

Предметен наставник

Tuesday, November 17, 2020

Прв колоквиум ХГФ - 18.11.2020

Почитувани студенти од Институтот за психологија, 
Ве информирам дека колоквиумот по Хумана генетика и физиологија ќе се одржи утре (среда) 18.11.2020 година со почеток точно во 09:00 часот на платформата Exam.net. Упаство за користење и регистрација веќе имате добиено претходно. Морате да бидете регистрирани на платформата. За да полагате испит морате да внесете име, презиме и број на индекс задолжително. Претходно најмалку 15 минути треба да бидете вклучени на платформата Мајкрософт Тимс за да се договориме уште некои детали и да го добиете кодот за полагање. За време на полагањето треба да ви биде отворен само еден пребарувач, доколку отворате други програми системот ќе ве отфрли на 90 секунди и ќе морате да дадете образложение зошто сте ја напуштиле платформата. Доколку ви се случи втор пат да бидете исклучени од платформата ќе бидете дисквалификувани од колоквиумот.
Право на полагање имаат и повозрасните генерации, но под услов да освојат најмалку 7 поени на тестот. Доколку освоите помалку од 7 поени, нема да имате право да полагате во јануарската сесија. Колоквиумот содржи 25 прашања и ќе се полага точно 17 минути, ништо повеќе, ниту помалку. Само студенти кои континуирано учеле и вложиле голем труд ќе можат теоретски да го положат. Запомнете дека овој колоквиум не се полага на среќа и затоа доколку не сте учеле доволно, ве молам поштедете ме од прегледување на тестови кои однапред се осудени на неуспех. Сето тоа ми губи драгоцено време и го одложува споделувањето на резултатите. Искрено се надевам дека сите оние студенти кои не учеле доволно ќе ја послушаат оваа замолница.
Предметен наставник