Thursday, August 28, 2014

Конкурс за втор циклус на студии на УКИМ

Почитувани идни постдипломци,
Сакам да ве информирам дека конкурсот за студирање на втор циклус на студии на УКИМ е веќе распишан и истиот можете да го симнете од овде. Првиот рок за пријавување на кандидатите трае од 15 септември до 17 октомври, а запишувањето на примените кандидати ќе се одвива на 23 и 24 октомври. Тоа што е интересно за нашите колеги е дека за специјална едукација и рехабилитација постојат едногодишни и двогодишни студии. На двете насоки примаме по 30 кандидати. Едногодишните студии чинат 1886 евра, а двогодишните 2992 евра во денарска противвредност. Покрај овие стандардни насоки постои и насока по инклузивно образование која нуди едногодишни студии по иста цена како и во претходната насока.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment