Со голема доза на задоволство сакам да ве информирам дека Journal of Special Education and Rehabilitation конечно е индексиран во SCImago Journal and Country Rank. По речиси двегодишна преписка господата од оваа компанија конечно решија да ги дадат вредностите за нашето списание, иако од 2010 година сме индексирани во Scopus. Со тоа се разреши една мала неправда. SJR индикаторот изнесува 0.12, Cites per doc изнесува 0.06. Овој индикатор е многу значаен бидејќи тој се изедначува со вредноста за импакт фактор на компанијата Томсон Ројтерс. Еве го во оригинал објанусвањето од нивната веб страница. Evolution of Citations per Document to a journal's published documents
during the two, three and four previous years. The two years line is
equivalent to journal impact factor ™ (Thomson Reuters) metric.Ова би значело дека доколку сака во моментот Томсон Ројтерс да ни даде импакт фактор, тој би изнесувал 0.06. Не е голем, но за почеток е добар. Вредноста за Total cites изнесува 3, што исто така не е некоја голема бројка, но ние во редакцијата се надеваме дека таа ќе расте од година во година.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment