Wednesday, September 16, 2015

Покана за конференција во Белград

Почитувани дипломци,
Се надевам дека ги уживате плодовите од вашиот дипломски труд и имате заслужен одмор. Еве ја првата покана до вас за конференција во регијата. Мојот драг пријател и колега проф. д-р Горан Недовиќ ве поканува на IV-от стручно научен собир со меѓународно учество „Актуелности во едукацијата и рехабилитацијата на лицата со пречки во развојот" што ќе се одржи од 24 до 25 октомври 2015 година во Белград.
Целта на овој собир е да ги собере стручњаците, истражувачите и активистите кои од различни перспективи се занимаваат со едукација и рехабилитација на лицата со пречки во развојот и со самото тоа да обезбеди размена на знаења и искуства меѓу учесниците
Собирот е акредитиран од Заводот за унапредување на образованието и воспитанието и Комората за социјална заштита на Република Србија.
Рокот за предавање апстракти е 5 октомври, а за подетлани информации ве молам одете на следниот линк.
Искрено се надевам дека барем две од моите дипломки позитивно ќе одговорат на ова мое соопштение.
Менторот

No comments:

Post a Comment