Пред извесно време на мојот Фејсбук профил ја објавив веста за моето евентуално учество на 33 семинар: „Хрватска пролетна педијатриска школа" што ќе се одржи од 18 до 22 април во Сплит, Хрватска. Имено, пред 3 месеци добив покана од проф. д-р Вида Чулиќ модератор на сесијата за Генетика и лично од водителот на школата проф. д-р Вјекослав Кржељ да бидам еден од предавачите на школата. Не се двоумев многу, веднаш ја прифатив понудата. За тема која сакам да ја презентирам ја одбрав следната: „Имуногенетски аспекти кај аутистичниот спектар на нарушувања" каде ќе се обидам да направам пресек на светската литература во компрација со нашите имуногенетски наоди на лица со аутизам од РМ. Предавањето ќе го одржам во вторник на 19 април во хотелот „Президент". Школата покрива многу интересни теми и е поделена во 4 сесии: генетика, детска и адолесцента психијатрија, превентивни програми во педијатријата и семинар за медицински сестри. Доколку некого го интересира деталната програма може слободно да го посети линкот. Сакам јавно да се заблагодарам на професорите Чулиќ и Кржељ за укажаната чест да бидам дел од овој престижен регионален настан.
Предавачот на школата
No comments:
Post a Comment