МНЗА ве поканува Вас родителите на деца со АСН да земете учество во истражување кое ќе биде спроведено од страна на д-р Блејк Хансен, доцент на „Brigham Young“ универзитетот од Јута, САД, со цел да се пронајдат најефективните методи за учење на родителите на деца со АСН и како да се справите со едноставни, но истовремено и предизвикувачки однесувања кои се појавуваат кај вашите деца. Потребна е група од 18 родители. Досега се пријавија 11, но остануваат места за уште седум. Првите седум што ќе се пријават ќе бидат прифатени во истражувањето.
Доколку се согласите да
учествувате во истражувањето, ова е распоредот на активностите кои следат:
- Приближно помеѓу 1-ви и 7-ми Април, ќе бидете повикани на информативна сесија за истражувањето и обуката. Ќе бидете информирани за истражувањето и ќе биде побарано од вас да пополните неколку формулари. Оваа активност би траела околу 30 минути. Ќе бидете дополнително известени за времето и локацијата каде што ќе се одржи информативната сесија.
- За време на информативната сесија ќе Ви биде доделен формулар кој ќе треба да го пополнувате во текот на 10 дена. Формуларот би го пополниле за помалку од 5 минути секој ден.
- Помеѓу 7-ми и 24-ти Април би можеле да направите видео снимка од вашата интеракција со вашето дете. Видео снимката би требало да е помалку од 5 минути.
- Приближно помеѓу 25-ти и 27-ми април ќе се одржи двочасовна обука. Ќе бидете снимани за време на обуката. Ќе биде побарано од вас да пополните неколку формулари. Ќе бидете дополнително известени за времето и локацијата каде што ќе се одржи обуката.
- Помеѓу 1-ви и 31-ви мај ќе биде побарано од вас повторно да пополнувате формулар во текот на 10 дена. Формуларот би го пополниле за помалку од 5 минути секој ден.
- Помеѓу 1-ви и 31-ви мај би можеле да направите видео снимка од вашата интеракција со вашето дете. Видео снимката би требало да е помалку од 5 минути.
- Приближно помеѓу 1-ви и 7-ми јуни ќе биде побарано од вас да пополните неколку формулари. Ќе биде побарано од вас да дадете краток извештај за истражувањето и обуката и да го споделите вашето мислење.
- Ние ќе ги обезбедиме сите материјали и ќе бидеме достапни за да Ви одговориме на сите прашања кои ќе ни ги поставите.
Во периодот од 24 до 28 април ќе се оствари консултативна средба со колегата Хансен и би било пожелно да присуствувате на неговото предавање на 28 април, а во текот на мај и почетокот на јуни да завршите уште неколку прашалници. Покрај знаењето, ќе добиете и 20 долари за учество во истражувањето. МНЗА го цени вашиот труд и залагање и скромно ве наградува за разлика од некои други здруженија кои ви земаат пари за обуки и семинари. Ве молиме вашиот интерес да го пријавите час поскоро додека има слободни места на следните е-пошти: secretary@mssa.org.mk или filip_jurtoski@hotmail.com
Со почит,
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment