Thursday, March 17, 2016

Воведен Article Level Metrics во списанието ДТП/JSER

Почитувани читатели,
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека од пред извесно време во нашето списание е воведена можноста за метрика на трудот или Article Level Metrics. Моите заложби во последните две години одеа кон исполнување на оваа цел и конечно со помош на ИТ експертите Андреј Крстевски и Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев таа цел е реализирана. Првиот ја инсталираше алатката преку ОЈС платформата. Вториот успеа тоа да го направи преку Joomla платформата. Многу им благодарам за вложените напори и трудот. Кон крајот на секој труд кој има DOI број можете да го видите беџот на компанијата Altmetric.com кој мери колку пати некој труд е споделен на Фејсбук, Твитер, Менделеј, блог, итн. Со овој потег се приклучуваме кон врвните светски списанија кои од пред неколку години ја започнаа оваа метрика. За значењето на метериката на трудот ќе прочитате повеќе во мојот најнов едиторијал на списанието кое треба да излезе од печат кон почетокот на април.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER

No comments:

Post a Comment