Чувствувам потреба и должност да споделам со вас некои размисли за вчерашните предавања (28.04.2016 година) на колегата доц. д-р Блејк Хансен кој несебично ги сподели со нас своите знаења за бихејвиоралните нарушувања и бихејвиоралниот третман кај аутистичниот спектар на нарушувања. Во амфитеатар 4 на Филозофскиот факултет во Скопје беа присутни нешто над 50 колеги и колешки, студенти, како и родители. Доколку сте заинтересирани да погледнете фотографии од настанот тоа ќе може да го сторите на следниот линк. Предавањето траеше околу 100 минути, а потоа се разви плодна дискусија уште 30-тина минути. Како што веќе знаете МНЗА и овој пат не наплатуваше котизација, иако тоа го прават некои други асоцијации и НВО-и. Покрај тоа што колегата доаѓа од високо рангиран Бригам универзитетот од градот Прово во државата Јута, САД, ние се одлучивме предавањето да оди бесплатно. Еве сега ви нудиме уште една можност да го погледнете неговото предавање за сите вас што не дојдовте од разни причини. Предавањето е поставено во делови на каналот на МНЗА на јутјуб и сите заинтересирани можете да го проследите овде: првиот дел, вториот дел, третиот дел, четвртиот дел и затворањето. По половина час пауза следуваше неговото предавање од областа на методологија на НИР каде присутните десетина колеги од МНЗА и нашиот институт ги запозна со тајните на обработка на податоци за мали примероци.
Искрено верувам дека присутните беа задоволни и дека направивме полн погодок со доведувањето на овој навистина пријателски настроен колега. Ние се надеваме на долга и плодна соработка и можни идни заеднички проекти. Блејк, колегите од МНЗА ти благодарат за прекрасните предавања.
Претседател на МНЗА