Бидејќи гледам дека треба некои работи на одредени студенти по 100 пати да им се повторуваат должен сум уште еднаш да ви го објаснам распоредот за оваа седмица кој е малку видоизменет заради чествувањето на „Меѓународниот ден на лицата со инвалидност". Имено во четврток распоредот си тече нормално до 15:30 часот. Измената е што втора група ќе има вежби ФФА од 15:45 до 18:00 часот, наместо да ги одржи истите во петок. Во петок предавањата ФФА започнуваат во 07:30 часот и ќе траат некаде до 10:00 часот, за да веднаш потоа втора група започне со вежбите ХГ, кои ќе завршат во 11:30 часот, за да потоа се упатите кон големиот амфитеатар на ФЗФ каде во 12:00 часот започнува настанот.
Мислам дека јасно пишувам, да не ги помеша повторно некој работите?
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment