Monday, November 28, 2016

Ден на дрвото - 30.11.2016

Почитувани студенти,
Штотуку ја добив на е-пошта оваа информација дека во среда е ден на дрвото. И покрај тоа што имав желба да одржам дури и дополнително предавање со прва година, сега сето тоа паѓа во вода. Значи, да заклучам предавања нема да има ниту за преслушувачите, ниту за прва година. Во продолжение известувањето од Деканатот на ФЗФ.
Предметен наставник



Согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25.11.2016 година, по повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции.
Истовремено, ве известуваме дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.

Со почит,
Деканат на Филозофски факултет

No comments:

Post a Comment