Минатата недела беше меѓународна недела на отворен пристап. Драго ми е што една иницијатива, во која што јас бев едниот од двјацата иницијатори што беше започната уште во 2010 година на Филозофскиот факултет сега е продолжена преку Македонското здружение на медицински уредници. Работилницата се одржа на 25.10.2016 година во МАНУ, каде што се наоѓа и седиштето на нашето здружение. Предавањата може да ги најдете на следниот линк. Јас зборував за Улоги на Уредник на списание во Системи за отворено списание Open Journal Systems – OJS. Фотогалеријата од настанот можете да ја погледнете овде. Доколку сакате да го погледнете видео клипот од предавањата одете на линкот. Ако ве интересира моето предавање, тоа можете да го сторите со клик на линкот подолу.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment