Сакам уште еднаш да ве потсетам за предавањето што ќе го одржам нареднава сабота во рамките на предметот Планирање на научното истражување. По цели три години се формираше група за да може да се одржи предавање и заради тоа ми е голема чест и задоволство. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам на носителот на предметот проф. д-р Наташа Ангелоска Галевска која ми ја укажа таа чест и можност и ми отстапи 4 часа од нејзиниот предмет за да ги запознаам нашите постдиплоци со темата: „Како да се напиште, поднесе и објави научен труд". Предавањето ќе се одржи во слушална 11 со почеток во 10:00 часот. Искрено се надевам дека ќе ви биде од голема корист во вашата понатамошна научно истражувачка работа.
Главен и одговорен уредник на ДТП/JSER
No comments:
Post a Comment