Friday, October 26, 2018

Физиологија на нервен систем - 1 дел - видео презентации

Почитувани студенти,
Во прилог се неколку видео презентации од денешното предавање за Нервен систем. Во ваш интерес  е да ги погледнете видеата.









Предметен наставник

Thursday, October 25, 2018

Анатомија и физиологија на мускулен систем - видео презентации

Почитувани студенти,
Утре на предавањето ќе говорам за Мускулен систем. Би било убаво да ги погледнете следните видео прилози.








Предметен наставник

Физиологија на крв - видео презентации

Почитувани студенти,
Во прилог ви споделувам повеќе видео презентации кои се однесуваат на физиологија на крвта.









Предметен наставник

Wednesday, October 24, 2018

Обработка на труд за 5 поени

Почитувани студенти,
Бидејќи немате вежби по предметот ХГФ, а со тоа значи дека ќе ви фалат 5 поени, а на тие што сакаат висока оцена многу ќе ви значи одлучив да ви дадам задача обработка на труд. Вие сами си бирате стручно научен труд од списание и тоа од темите што се обработени во книгата Хумана генетика и физиологија. Пожелно е трудот што го обработувате да биде од англосаксонското говорно подрачје. За тие што не говорат англиски јазик може да биде од друг светски јазик или од балканските јазици. Трудот може да има најмногу две страници текст плус насловна како за семинарската тема, со таа разлика што наместо семинарска тема под насловот на трудот ќе напишете (обработка на труд). На крајот од трудот задолжително да се цитира трудот според автор, наслов на трудот, списание, волумен, број, година, од која до која страница е. Доколку се работи за труд земен од интернет задолжително да се впише и веб адресата на ресурсот. Обработката на трудот е самоиницијативна задача на студентот/ката, т.е. не е задолжителна. Ве молам да не се консултирате меѓусебно за темите за да има што повеќе различни теми обработени. Теоретско повторување на тема е можно и дозволено, но не е дозволено два или повеќе студенти да обработат ист труд. Во тој случај ќе добијат уште по еден различен труд да одработат. Овие трудови се предаваат само во хартиена верзија најдоцна до 10 декември 2018 година, но може и порано во термините за консултации или по предавањето во среда.

Предметен наставник

Излезе во етер новата веб страница на МНЗА

Почитувани колешки и колеги,
Со големо задоволство сакам да ве информирам дека вчера на големиот празник Денот на македонската револуционерна борба - 23 октомври 2018 година излезе во етер новата веб страница на Македонското научно здружение за аутизам збогатена со нови содржини, нови фотографии, нови настани. Имено, зошто нова? Да бидам искрен, немавме во план да правиме нова. Но, поради големата хаварија која се случи со нашиот поранешен хостинг кој одеше преку фирмата Арс Ламина, а кои менуваа сервери, па нивниот веб администратор не ја ажурирал редовно, немаше бек ап и останавме со стара веб страница ажурирана до 2011 година. Голема драма за нас со изгубени многу податоци, фајлови и слично. По неколку неделно преговарање ќе најдат ли решение, ооткако видов дека се немоќни, решив да правам нова страна и го замолев мојот драг пријател и веб мастер Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев на списанието ЈРТДД, кој без двоумење прифати и еве за 15-тина дена имаме нова веб страница. Во оваа пригода му должам огромна благодарност нему, но и на колегите од Арс Ламина кои иако ни направија ненадоместлива штета во моментот, сепак пет години ја хостираа нашата веб страница. Би сакал овде да се извинам (бидејќи не по наша вина бевме недостапни) на сите оние кои во последните недели го посетуваа нашиот домен и гледаа стари содржини или празна страница. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне новата веб страница, за која ве поканувам да ја посетите на горниот линк.
Претседател на МНЗА

Monday, October 22, 2018

4-то предавање ХГФ - 24.10.2018

Почитувани студенти,
Задутре во среда со почеток во 11:00 часот во електронската слушална ќе се одржи 4-тото по ред предавање според силабусот. Ќе се говори за транслација на протеини и за видови наследувања во генетиката. Предлгам да ги погледнете следните видеоклипови:

















Предметен наставник

Thursday, October 18, 2018

Список на семинарски теми по предметот Физиологија со функционална анатомија - 2018

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,

Во прилог ви ги проследувам семинарските теми по предметот Физиологија со функционална анатомија. Краен рок за предавање на истите во електронска и печатена верзија е 10.12.2018 година. Еден студент/ка ќе биде задолжен/а да ги прибере сите семинарски во електронска верзија и потоа да ми ги достави на ЦД или на УСБ.

  1. 24649/18   Хомеостаза 
  2. 24651/18   Клеточна мембрана и мембрански потенцијал 
  3. 24619/18   Физиологија на меморија и учење 
  4. 10137/18   Клеточни транспортни механизми 
  5. 24650/18   Водата како клеточна течност и осмотскиот притисок 
  6. 24680/18   Електролити и нивно значење 
  7. 10196/18   Ликвор 
  8. 10121/18   Бели крвни клетки 
  9. 10209/18   Крв и крвна плазма 
  10. 10145/18   Црвени крвни клетки 
  11. 24930/18   Хемостаза 
  12. 24607/18   Анатомија и физиологија на скелетните мускули 
  13. 10152/18   Анатомија и физиологија на мазните мускули 
  14. 24683/18   Градба и поделба на нервниот систем 
  15. Х.Д.          Комуникација во нервниот систем-синапса 
  16. 10198/18   Голем мозок-теленцефалон 
  17. 10199/18   Меѓумозок-диенцефалон 
  18. 10168/18   Среден мозок-мезенцефалон 
  19. 24657/18   Мал мозок-церебелум 
  20. 10200/18   'Рбетен мозок 
  21. 10202/18   Периферен нервен систем 
  22. 10205/18   Автономен нервен систем 
  23. 24665/18   Сензорен нервен систем и соматосензорни патишта 
  24. 24603/18   Моторен систем 
  25. 24664/18   Вестибуларни сензации и чувство за рамнотежа 
  26. 10158/18   Анатомија апаратот за говор 
  27. 10156/18   Анатомија на сетилото за вид 
  28. 24627/18   Физиологија на сетилото за вид 
  29. 24626/18   Анатомија на сетилото за слух 
  30. 24608/18   Физиологија на сетилото за слух 
  31. 24641/18   Физиологија на апаратот за говор 
  32. 10208/18   Анатомија и физиологија на хипофиза 
  33. 24644/18   Овариум и негови хормони 
  34. 24659/18   Тромбоцити 
  35. 24638/18   Анатомија и физиологија на панкреас 
  36. 24928/18   Простагландини 
  37. 10170/18   Анатомија и физиологија на надбубрежни жлезди 
  38. 24604/18   Тестис и негови хормони 
  39. 24625/18   Анатомија и физиологија на тироидна жлезда 
  40. 10139/18   Анатомија и физиологија на паратироидна жлезда 
  41. 10207/18   Цитоплазма и клеточни органели 
  42. 24677/18   Болка 
  43. 24632/18   Својства и артикулација на гласовите 
  44. 24631/18   Коагулација на крвта 
  45. 10189/18   Анатомија и физиологија на ларинкс 
  46. 10173/18   Миеленцефалон 
  47. 24645/18   Крвно мозочна бариера 
  48. 10206/18   Организација на соматските сетила 
  49. 10143/18   Базални ганглии 

Предметен наставник

Tuesday, October 16, 2018

3-то предавање ХГФ - 17.10.2018

Почитувани студенти,
Утре по распоред е третото предавање по Хумана генетика и физиологија. Во прилог се серија на видео исечоци кои ќе ви помогнат во учењето.
Предметен наставник














Распоред за вежби по ФФА - 2018

Почитувани студенти од Институтот за дефектологија,

Ви го проследувам распоредот за вежби по групи. Вежбите по Физиологија со функционална анатомија започнуваат веднаш по предавањето ФФА во четврток на 18.10.2018 година. Вие треба да го набавите практикумот по ФФА и убаво да ја подготвите вежба број 1.

I група
Четврток
10.45-12.15
  1. 4633/18 
  2. 10158/18 
  3. 10139/18 
  4. 24677/18 
  5. 24619/18 
  6. 24639/18 
  7. 24682/18 
  8. 10208/18 
  9. 24607/18 
  10. 24567/18 
  11. 10207/18 
  12. 24631/18 
  13. 24664/18 
  14. 24625/18 
  15. 24603/18 
  16. 10121/18 
  17. 10170/18 
  18. 10173/18 
  19. 10200/18 
  20. 24680/18 
  21. 24930/18 
  22. 10182/18 
  23. 10219/18 
  24. 24650/18 
  25. 24644/18 
  26. 10185/18 
  27. 10196/18
  28. 10152/18
  29. 10137/18

II група
Четврток
12.15-13.45

  1. 10205/18 
  2. 10168/18 
  3. 24632/18 
  4. 24624/18 
  5. 10199/18 
  6. 10145/18 
  7. 10191/18 
  8. 24645/18 
  9. 24608/18 
  10. 10209/18 
  11. 10202/18 
  12. 10189/18 
  13. 24649/18 
  14. 24928/18 
  15. 24638/18 
  16. 10156/18 
  17. 24651/18 
  18. 10206/18 
  19. 10143/18 
  20. 24604/18 
  21. 24626/18 
  22. 24683/18 
  23. 24665/18 
  24. 10198/18 
  25. 10151/18 
  26. 24641/18 
  27. 24659/18 
  28. 24642/18 
  29. 24627/18 
Предметен наставник

Friday, October 12, 2018

СИЛАБУС по ХГФ - 2018

Почитувани студенти од Институтот зс психологија,
Ви го проследувам силабусот по предметот Хумана генетика и физиологија. На здравје учење!

I Недела 03.10.2018
1. ВОВЕД ВО ХУМАНА ГЕНЕТИКА И ФИЗИОЛОГИЈА
2. КЛЕТОЧНА ФИЗИОЛОГИЈА

II Недела 10.10.2018           
3. МЕНДЕЛОВА ГЕНЕТИКА
4. ХРОМОЗОМИ

III Недела 17.10.2018
5. МОЛЕКУЛАРНА ОСНОВА НА НАСЛЕДУВАЊЕТО
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 1 ДЕЛ

IV Недела 24.10.2018
6. НАСЛЕДУВАЊЕ 2 ДЕЛ
7. МУТАЦИИ

V Недела 31.10.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  1 ДЕЛ

VI. Недела 07.11.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  2 ДЕЛ

VII. Недела 14.11.2018
ПРВ КОЛОКВИУМ

VIII. Недела 21.11.2018
8. НЕРВЕН СИСТЕМ  3 ДЕЛ

IX. Недела 28.11.2018
9. СИСТЕМ НА СЕТИЛА

X. Недела 05.12.2018
10. ЕНДОКРИН СИСТЕМ

XI. Недела 12.12.2018
11. ФИЗИОЛОГИЈА НА СОНОТ
12. ФИЗОЛОГИЈА НА ЕМОЦИИ

XII. Недела 19.12.2018
13. ФИЗИОЛОГИЈА НА УЧЕЊЕ И МЕМОРИЈА
14. ОСНОВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПОСТАПКИ ВО ПСИХОГЕНЕТИКАТА

XIII. Недела 26.12.2018
15. ГЕНЕТСКИ АСПЕКТИ НА ПСИХИЈАТРИСКИТЕ НАРУШУВАЊА
16. ГЕНЕТИКА НА АУТИЗМОТ

XIV. Недела 09.01.2019
ВТОР КОЛОКВИУМ
БРАНЕЊЕ СЕМИНАРСКИ

ПОТПИСИ

Предметен наставник

Водич за изработка на семинарска работа по ХГФ

Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Ви го проследувам водичот за изработка на семинарска работа по предметот  Хумана генетика и физиологија.

Семинарската работа подразбира обработка на одредена тема која се заснова на лични ставови, објаснувања и истражувања, поткрепени со употреба на домашна и странска литература која ни дава точни информации во врска со темата која ја обработуваме. 
Семинарските работи најчесто се изработуваат по предметите кои студентите редовно ги слушаат. Тие на студентите им овозможуваат да ги соберат што повеќе кредитни поени одделно за секој предмет. Постојат два типа на семинарски работи: индивидуални и групни. 
Важно е професорите да направат распоред околу изработката на семинарски работи за да не дојде до оптеретување на студентите по секој предмет. Затоа потребно е тие на самиот почеток на семестарот да ги истакнат темите на кои ќе се работи за да студентите можат навремено да ги достават до 10 декември во тековната година. 
Семинарските работи можат да имаат форма на теоретска и практична семинарска работа. Практичната форма претставува помалку користење на студии или прикази на случаи во однос на резултатите од практичната настава и сите дотогашни искуства, а теоретската форма претставува приказ на странска литература или интернет ресурси со цел проширување на изложениот текст и презентирање на општи информации. Но и едната и другата форма на семинарка работа се важни бидејќи овозможуваат таа успешно и во целост да се изработи. 
Секоја семинарска работа треба да содржи неколку елементи, а тоа се: содржина, вовед, разработка, заклучок и користена литература. Таа не треба да биде поголема од 10 страници А4 формат чукано во програмот Word 2003 или погорна верзија. 
На првата страна т.е. насловна треба горе да стои името на универзитетот, факултетот, а под него институтот од кој доаѓа студентот, напишано со фонт Times New Roman 14.
Под него (на средината на страната), доаѓа насловот на семинарската работа напишана со истиот фонт со големина 16 и болд, и најдоле лево се пишува името на менторот а десно оној кој ја изработил семинарската работа. Под името на менторот и изработувачот, на средина се пишува град, месец и година на изработка. 
Еве пример како би требало да изгледа.


УНИВЕРЗИТЕТ ,,СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ‡ СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА  ДЕФЕКТОЛОГИЈА



















DNA
-семинарска работа-
Хумана генетика










 Ментор:                                                                            Изработил:
 Профд-р Владир Трајковски                                          х х х х х х х х
                       
                        








                  Скопјеoктомври, 2018





















Содржината треба да стои на 2 страна и треба да ги содржи сите елементи од кои се состои семинарската, заедно со содржината и користената литература. Секој дел наведен во содржината треба да ја содржи и страната на која се наоѓа. 



Пример:

Содржина ................................................................................... 2
Вовед .......................................................................................... 3
Хемиска градба на ДНА..............................................................4
Значење на ДНА за хуманата генетика......................................5
Заклучок........................................................................................9
Литература...................................................................................10

Воведот треба да биде околу една страница, но не повеќе. Тој треба да ги опфати мотивите за изработка на семинарската и некои општи сознанија за проблемот. Треба да се користи за кирилица со МК поддршка фонтот Times New Roman 12, а за некои англиски или латински термини да се употребува EN поддршка Times New Roman 12. 
Разработката треба да содржи одредени аргументи кои што оној што ја изработува ќе ги докаже со лични идеи, објаснувања и заклучоци, засновани на податоците со кои се служи од одбраната литература. Се употребува задолжително фонтот Times New Roman 12 за имињата на научниците и други странски термини. Во разработката потребно е да има поднаслови и тие да бидат со фонт 14 болд.
Маргините на страниците треба да бидат 2 см од горе, долу и десно, а 2.5 см од лево, а проредот меѓу страниците треба да биде единечен (single). 
Заклучокот стои на предпоследната страна од семинарската работа и тој треба да биде збир од се` она што претходно било напишано и која е суштината и значењето на темата за која се пишува.
Користената литература треба да содржи најмалку 3 интернет страници и најмалку 3 библиографски единици (странски и домашни), а може да се користат и предавањата по самиот предмет. 
Литературните податоци во текстот се цитираат со арапски бројки во заграда, во иста линија на текстот. Доколку делот содржи повеќе литературни референци тогаш во заградата ќе стојат сите бројки со кои се означени тие литературни единици. Потоа бројниот редослед на означување на цитираните литератури соодветно ќе се означи во користената литература. Тоа значи дака ако литературата е цитирана со број (1) во користената литература ќе се наведе како прва книга или интернет страница. 
Цитирањето на литературата треба да се направи на следниов начин: 

1. За списанија: се цитираат сите автори ако се шест или помалку; а за повеќе се цитираат само првите три автора и се додава сор. или et al. за англиски текст; не се ставаат точки по иницијалите и кратенките на списанијата.
Пример: Hansen DB,  Orton LE, Adams C, Knecht L, Rindlisbaker S, Jurtoski F, Trajkovski V. A Pilot Study of a Behavioral Parent Training in the Republic of Macedonia. J Autism Dev Disord 47(6): 1878-1889. DOI 10.1007/s10803-017-3112-6.
.
2. За книги: по авторот се цитира името на книгата, потоа издавачката куќа, местото и годината на издавање. 
Пример: Tucić N, Matić G. O genima i ljudima. Centar za primenjenu psihologiju, Beograd, 2002. (странската литература се цитира во оригинал).

3. Интернет страниците се цитираат така што прво се пишува авторот, името на интернет страницата, а потоа нејзината адреса. 
Пример: 

Презентацијата на семинарските трудови е усмена на видеобим и треба да биде подготвена во програмот Power Point 2003 или погорна верзија. Презентацијата на семинарската работа трае 10 минути. Претходно студентот на предметниот наставник треба да му достави 1 тврда копија од трудот и електронска верзија (ЦД, или на усб).
Семинарскиот труд се оценува со најмногу до 10 кредитни поени, кои влегуваат во глобалниот број на поени при полагањето на испитот. Должината на трудот не смее да надминува 10 страници.
Среќно!

Предметен наставник

Хумана генетика - нема колоквиум во зимскиот семестар 2018

Почитувани студенти,
Вие кои го имате презапишано предметот Хумана генетика ќе морате да почекате во следниот семестар, бидејќи не се слуша предметот во прв семестар. По новата програма предметот е префрлен во втор семестар и јас не можам постојано да изведувам колоквиуми. Пренасочете си го вашето учење на други предмети. Овој пост го пишувам бидејќи веќе на неколку студенти објаснив и повторно ми стигнува е-пошта. Очигледно се` треба да ви биде детално објаснето. Многу ве разгалив изгледа. :)
Благодарам на разбирањето!
Предметен наставник

Thursday, October 11, 2018

Список на семинарски трудови по Хумана генетика и физиологија - 2018

Почитувани студенти,
Ви го праќам списокот за изработка на семинарски трудови по предметот Хумана генетика и физиологија. Ви посакувам успешно подготвување на истите. Краен рок за предавање во печатена и електронска верзија е 10.12.2018 година. Електронските верзии треба да ги собере на усб стик или на ЦД студентката што го правеше списокот и да ми го предаде лично мене. Водич за изработка на семинарски трудови се наоѓа на овој блог и молам строго да се почитува истиот.
Среќен празник!

Број на индекс
Тема на семинарска работа
24656/18
Историјат на генетиката
24647/18
Историјат на физиологијата
24681/18
Генетски дициплини
24599/18
Хромозоми
24673/18
Гени
10222/18
Својства не гените
10160/18
Мултипен алелизам
24616/18
Неменделизам
24615/18
Автосомно доминантно наследување
24668/18
Автосомно рецесивно наследување
24622/18
Полово врзано наследување
24610/18
Алелна интеракција на гени
24640/18
Неалелна интеракција на гени
24684/18
Мутагени фактори
24611/18
Структурни хромозомски аберации
24621/18
Нумерички хромозомски аберации
10181/18
tRNA
24598/18
Хуман геномски проект
24679/18
Клеточен циклус
24675/18
Down синдром
10154/18
DNA
24653/18
Репликација на DNA
24623/18
DNA репарација
24618/18
rRNA
24606/18
Менделови закони
24652/18
Генетика на аутизмот
10184/18
Транслокации
24614/18
Митохондриско наследување
24655/18
Хомеостаза
24646/18
Клеточна мембрана и мембрански потенцијал
24601/18
Акциски потенцијал
10120/18
Клеточни транспортни механизми
24609/18
Антиципација
24600/18
Епигенетика и геномски импринтинг
10130/18
Ликвор
10147/18
Генски мутации
24596/18
iRNA
10197/18
Кодоминантно наследување
10188/18
Интермедиерно наследување
10124/18
Клетки во нервниот систем
24605/18
Болка
24602/18
Градба и поделба на нервниот систем
10174/18
Комуникација во нервниот систем-синапса
10172/18
Голем мозок-теленцефалон
24636/18
Меѓумозок-диенцефалон
24648/18
Среден мозок-мезенцефалон
10128/18
Мал мозок-церебелум
10140/18
'Рбетен мозок
24628/18
Периферен нервен систем
10186/18
Автономен нервен систем
10122/18
Сензорен нервен систем и соматосензорни патишта
10176/18
Моторен систем
24630/18
Генетски аспекти на афективни нарушувања
24620/18
Крвно мозочна бариера
10169/18
Генетски аспекти на нарушено учење и комуникација
10179/18
Физиологија на сетилото за вид
24637/18
Транскрипција на DNA
24594/18
Транслација на протеини
10175/18
Полигенско наследување
24629/18
Мозаицизам
10146/18
Мејоза
24671/18
Митоза
10136/18
Генетски аспекти на алкохолизам
10178/18
Семејно-фамилијарни студии
/18
Студии на близнаци
24929/18
Адоптивни студии
10165/18
Linkage студии
24617/18
Асоцијативни студии
10180/18
Механизам на дејство на хормоните
10134/18
Простагландини
24926/18
Физиологија на сетилото за слух
10150/18
Физиологија на хипофизата
10155/18
Физиологија на тестис
10192/18
Физиологија на овариум
10194/18
Физиологија на тироидна жлезда
10138/18
Физиологија на паратироидна жлезда
24662/18
Физиологија на панкреас
24674/18
Физиологија на надбубрежна жезда
24666/18
Crossingover
24643/18
Физиологија на сон
24612/18
Физиологија на емоции
10129/18
Физиологија на меморија и учење
24660/18
Генетски аспекти на шизофренија
24597/18
Генетски аспекти на деменциите

Предметен наставник