Бидејќи немате вежби по предметот ХГФ, а со тоа значи дека ќе ви фалат 5 поени, а на тие што сакаат висока оцена многу ќе ви значи одлучив да ви дадам задача обработка на труд. Вие сами си бирате стручно научен труд од списание и тоа од темите што се обработени во книгата Хумана генетика и физиологија. Пожелно е трудот што го обработувате да биде од англосаксонското говорно подрачје. За тие што не говорат англиски јазик може да биде од друг светски јазик или од балканските јазици. Трудот може да има најмногу две страници текст плус насловна како за семинарската тема, со таа разлика што наместо семинарска тема под насловот на трудот ќе напишете (обработка на труд). На крајот од трудот задолжително да се цитира трудот според автор, наслов на трудот, списание, волумен, број, година, од која до која страница е. Доколку се работи за труд земен од интернет задолжително да се впише и веб адресата на ресурсот. Обработката на трудот е самоиницијативна задача на студентот/ката, т.е. не е задолжителна. Ве молам да не се консултирате меѓусебно за темите за да има што повеќе различни теми обработени. Теоретско повторување на тема е можно и дозволено, но не е дозволено два или повеќе студенти да обработат ист труд. Во тој случај ќе добијат уште по еден различен труд да одработат. Овие трудови се предаваат само во хартиена верзија најдоцна до 10 декември 2018 година, но може и порано во термините за консултации или по предавањето во среда.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment