Со големо задоволство сакам да ве информирам дека вчера на големиот празник Денот на македонската револуционерна борба - 23 октомври 2018 година излезе во етер новата веб страница на Македонското научно здружение за аутизам збогатена со нови содржини, нови фотографии, нови настани. Имено, зошто нова? Да бидам искрен, немавме во план да правиме нова. Но, поради големата хаварија која се случи со нашиот поранешен хостинг кој одеше преку фирмата Арс Ламина, а кои менуваа сервери, па нивниот веб администратор не ја ажурирал редовно, немаше бек ап и останавме со стара веб страница ажурирана до 2011 година. Голема драма за нас со изгубени многу податоци, фајлови и слично. По неколку неделно преговарање ќе најдат ли решение, ооткако видов дека се немоќни, решив да правам нова страна и го замолев мојот драг пријател и веб мастер Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев на списанието ЈРТДД, кој без двоумење прифати и еве за 15-тина дена имаме нова веб страница. Во оваа пригода му должам огромна благодарност нему, но и на колегите од Арс Ламина кои иако ни направија ненадоместлива штета во моментот, сепак пет години ја хостираа нашата веб страница. Би сакал овде да се извинам (бидејќи не по наша вина бевме недостапни) на сите оние кои во последните недели го посетуваа нашиот домен и гледаа стари содржини или празна страница. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне новата веб страница, за која ве поканувам да ја посетите на горниот линк.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment