Wednesday, July 10, 2019

Излезе онлајн трудот во списанието Journal of Autism and Developmental Disorders

Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве информирам дека излезе онлајн трудот во списнаието Journal of Autism and Developmental Disorders https://doi.org/10.1007/s10803-019-04135-5, за кој неодамна објавив на ФБ. Трудот е со наслов: Efects of a Computer‑Based Intervention on Emotion Understanding in Children with Autism Spectrum Conditions од авторите Ivana Vasilevska Petrovska и Vladimir Trajkovski. Инаку ова е дел од нејзиниот магистерски труд одбранет пред 2,5 години на нашиот институт. Упатувам голема благодарност до потпретседателката на МНЗА за нејзиниот труд, упорност, верба во себе и во мене за да излезе истиот во ова реномирано списание со фактор на влијание. Списанието го издава издавачката куќа Springer Nature. Исто така се заблагодарувам на сите родители и деца со аутизам кои земаа учество во оваа студија и на сите други кои на некој начин помогнаа за да биде квалитетен. Искрено се надевам дека ќе биде читан, споделуван и цитиран. Инаку, трудот можете да го преземете од следниот линк.

Претседател на МНЗА и коавтор

No comments:

Post a Comment