Friday, April 23, 2021

Рок за предавање на семинарски по предметот АСН

Почитувани постдипломци,

Сакам да ве известам дека рокот за предавање на семинарските трудови по предметот Аутистичен спектар на нарушувања е 5 мај 2021 година. Семинарската е задолжителна за сите постдипломци и се предава во електронска верзија, а за тие што живеат во Скопје по можност и во цврста копија се остава во мојот фах во библиотеката на ИСЕР. Семинарската тие што ми ја пратија по е-пошта треба да ја закачат на Мајкрософт Тимс. Како што се договаравме и претходно во периодот од 11 до 31 мај очекувајте и вебинар на Мајкрософт Тимс, каде во 10 минути треба да ги изложите вашите теми. Ова е услов за да може да полагате испит во јунската сесија. Дури и тие што нема да полагаат во јунската сесија пожелно е сега да ја завршат оваа обврска за да не им останува за понатаму.

Предметен наставник

No comments:

Post a Comment