Monday, April 19, 2021

Вебинар со проф. д-р Фред Волкмар - 19.04.2021

Почитувани колешки и колеги,

Како што веќе беше претходно објавено, наредниов период започнуваме со серијата вебинари – светските експерти за аутизмот од престижни универзитети. Денес на 19 април гостин ни е проф. д-р Фред Волкмар во 18:00 часот. Тој ни доаѓа од Јејл универзитетот кој е трет по рангирање во САД и осми во светот за 2021 година.
Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Ве молиме тие што го добија линкот да се приклучат на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.


За вториот вебинар со проф. д-р Мануел Казанова што ќе се одржи на 26 април има уште 5 места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

Претседател на МНЗА

No comments:

Post a Comment