Friday, April 29, 2022

Термини за полагање испити за прв циклус на студии во јунска сесија 2022

Почитувани студенти, 

Во прилог ви ги праќам термините за полагање на моите испити во јунската сесија 2022 година за студентите од прв циклус. Како што стојат работите со пандемијата Ковид-19, најверојатно е дека испитите ќе се полагаат со физичко присуство. Вие сте ДОЛЖНИ да запишете од задната страна на пријавата во која декада ќе полагате (прва или втора). Но, јас како предметен наставник го задржувам правото да го променам начинот и терминот заради присуство на виша сила или други фактори или повторно пламнување на пандемијата. Вие сте должни да го следите овој блог заради евентуални промени. Потребно е да се биде најмалку 15-тина минути пред терминот заради навремено сместување на студентите. Препишувањето и други форми на неакадемско однесување строго ќе бидат санкционирани.

Прва декада
30.05.2022  ХГФ и ХГ во Голем амфитеатар 08:00 часот

31.05.2022  ФФА и МОИ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

Втора декада
20.06.2022 ХГФ во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2022 ФФА во Голем амфитеатар во 08:00 часот

21.06.2022 ХГ во Голем амфитеатар во 09:00 часот

23.06.2022 МОИ во Амфитеатар 4 во 08:00 часот


Предметен наставник

Thursday, April 21, 2022

Понуда на тема за дипломска работа

Почитувани идни дипломци,

Доколку сакате да работите тема за дипломска работа можам во моментот да ви ја понудам следната: „Self Acceptance in Parents of Children with Autism“. Се работи за дескриптивно квалитативно истражување. Повеќе информации и изразување на желба за менторство на мојата е-пошта.

Менторот

Tuesday, April 5, 2022

Поканет предавач на конференција во Блед, Словенија

Почитувани посетители,

Ми причинува особено задоволство да ви соопштам дека во петок на 8 април со почеток во 9:00 часот ќе имам гостинско предавање на конференција на колегите и колешките од ДоРеМи центарот од Блед. Имено, на покана на директорката Нуша Пибер, на која и благодарам во оваа пригода, ќе ја презнтирам темата: „Аутизам и музикотерапија“. Бев поканет да одам лично, но Ковид-19, војната во Украина, лошото време и многу други фактори ме спречија во таа реализација. Мојата презентација ќе се одвива преку ЗУМ програмата. Котизацијата на собриот за тие со физичко присуство изнесува скромни 25 евра. Јас успеав да издејствувам за моите постдипломци кои работат тема под мое менторство, за дипломците, или за членовите на МНЗА да можат да го следат само моето предавање бесплатно. Доколку има заинтересирани, нека ми пишат е-пошта да им го пратам линкот. Во продолжение неколку информации за конференцијата низ слики.

Претседател на МНЗА