Showing posts with label Јутјуб. Show all posts
Showing posts with label Јутјуб. Show all posts

Friday, May 8, 2020

Видео од првиот вебинар на МНЗА за сензорната пречувствителност и аутизмот

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН
Би сакал да се заблагодарам на сите вас што вчера не` следевте преку програмот Zoom, а за сите останати кои не беа во можност да го обезбедам видеото овде. Првиот вебинар носеше наслов: „Сензорна пречувствителност кај лица со аутистичен спектар на нарушувања“ и се реализираше во рамките на АСП проектот што го раководи МНЗА со финансиска поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија. Презентер бев јас, а модератор потпретседателката на МНЗА. Од неразбирливи причини вебинарот вчера не одеше во живо на Јутјуб, иако МНЗА плати професионална верзија на Zoom. Но, еве сега го надополнуваме тој пропуст. Погледајте го вебинарот и дознајте повеќе за оваа проблематика. Пријавувајте се во неделите за следните вебинари и следете ги нашите социјални медиуми на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Линкедин и секако блогот на МНЗА.


Претседател на МНЗА

Tuesday, April 14, 2020

Деветто предавање ХГ - 14.04.2020

Почитувани студенти,
Деветтото предавање по предметот Хумана генетика заради проблеми во Мајкрософт Тимс платформата ќе се одржи денес со почеток во 08:30 часот преку мојот Јутјуб канал. Вие сте должни да го пријавите вашето учество во коментарите. Ќе одиме со три часа (три посебни видео клипови) со паузи меѓу часовите од по 10 минути.
Предметен наставник

Tuesday, April 7, 2020

Четврт вебинар на проф. д-р Владимир Трајковски - Етиологија и патогенеза на АСН

Почитувани колешки и колеги, драги студенти, родители,
Вашите прегледи (до овој момент 288) на мојот последен вебинар од 02.04.2020 ми даваат пријатна обврска и задоволство да продолжам со вебинарите во овие времиња на изолација. Искрено се надевам дека наоѓате по нешто корисно во нив и учите некои нови работи кои не сте ги знаеле досега. За следниов четврток 09.04.2020 ви го најавувам најновиот вебинар со наслов: „Етиологија и патогенеза на аутистичен спектар на нарушувања“. Инаку ова е првиот вебинар што го имам одржано во мојата кариера пред 2 години кога немаше изолации и тоа за колеги доктори од универзитет во Индија. Овој пат тоа предавање ќе биде на македонски јазик, се разбира. Се гледаме задутре на мојот канал.
Претседател на МНЗА