Showing posts with label изборен предмет. Show all posts
Showing posts with label изборен предмет. Show all posts

Saturday, August 16, 2025

Одберете МЕДИЦИНСКИ ОСНОВИ НА ИНВАЛИДНОСТА!

Почитувани студенти со завршена прва година од ИСЕР,

Ви се обраќам само Вам, бидејќи се ближи периодот на одбирање на изборен предмет во третиот семестар. Ова не сум го направил никогаш да го понудувам предметот преку блог и социјални медиуми, но бидејќи сум свесен дека има многу недобронамерници кои ве предомислуваат и насочуваат кон други предмети, принуден сум и на ваков начин да се обидам некого да убедам или разубедам (доколку имал/а погрешни ставови). Јас знам дека најмалку седум студентки можат без никаков проблем да го положат испитот и затоа го посветувам овој пост. Еве неколку причини зошто еден студент/ка треба да го одбере предметот „Медицински основи на инвалидноста“:
  • Ширење на знаења за инвалидноста –студентите ќе се запознаат со различни видови инвалидност (телесна, интелектуална, сензорна, психосоцијална) и со нивното влијание врз здравјето, секојдневното функционирање и квалитетот на живот.
  • Мултидисциплинарен пристап – предметот обединува медицински, социјални, психолошки и рехабилитациски аспекти, што им овозможува на студентите да добијат поширока слика за потребите на лицата со инвалидност.
  • Практична примена – стекнатото знаење е корисно во здравството, специјалната едукација и рехабилитацијата, но и во секоја професија која се занимава со човекови ресурси, инклузија и поддршка.
  • Развивање на емпатија и професионален став – студентите учат да развиваат чувствителност кон различностите и да пристапуваат професионално и со почит кон лицата со инвалидност.
  • Подготовка за современи трендови – општествата сè повеќе се стремат кон целосна инклузија на лицата со инвалидност, па ваквиот предмет ги подготвува студентите да бидат дел од современи европски и светски практики.
  • Можности за истражување и кариера – областа на инвалидноста нуди широки можности за научни истражувања, проекти и професионален развој во здравството, специјалната едукација и рехабилитација, јавните политики и невладиниот сектор.
Со изборот на овој предмет, студентот/ката не само што ќе добие академско знаење, туку и ќе изгради вредности на хуманост, инклузивност и професионална одговорност.
Во надеж дека ќе го одберете во поголем број, срдечно Ве поздравувам.

Со почит,
Предметен наставник

Thursday, January 26, 2023

Седум причини зошто треба да го одберете Медицински основи на инвалиндоста

Почитувани студенти од ИСЕР,

Немам намера никого да убедувам, само ќе наведам седум причини зошто треба да го одберете предмететот Медицински основи на инвалидноста:

  1. Доколку сакате повеќе медицина, отколку педагогија, психологија и друго.
  2. Затоа што имате учебник на македонски јазик.
  3. Однапред го знаете силабусот и сите содржини на предметот.
  4. Може да ви послужи како основа за разбирање на сите попречености со кои понатаму ќе се среќавате.
  5. Подобро ќе ја разберете суштината на интелектуалната попреченост, слепилото, глувоста, моторните нарушувања и говорно-јазичните проблеми.
  6. Секогаш имате навремени информации и знаете на што сте.
  7. Критериумот на оценување е малку поблаг, отколку кај ФФА и ХГ.

Предметен наставник