Почитувани студенти,
На еден ден пред дочекот на Новата година ви ги проследувам термините за полагање на сите испити кои ги добив денес од координаторката по ЕКТС.
Убав помин утре.
Професорски блог на Владимир Трајковски. Малку едукација, малку наука, малку медицина, малку дефектологија и на крајот малку музика
Monday, December 30, 2013
Излезе од печат мојот труд во Vox Medici
Почитувани колешки и колеги,
Денес излезе од печат мојот најнов труд во списанието Vox Medici. Се работи за трудот:
Трајковски В. Критичко читање на научни трудови. Vox Medici 2013; 22 (81): 296-301.
Кога ќе излезе електронската верзија на веб страницата на Лекарска комора ќе го споделам со научнат јавност. Благодарам на редакцискиот одбор за можноста овој труд да го прочита поголем број на читатели.
Авторот
Saturday, December 28, 2013
Самоевалуација ФФА – анкетен лист - декември 2013
Драги студенти,
Според анализа на резултатите од анкетата што беше спровердена вчера на 27.12.2013 година на примерок од 48 студенти. Резултатите изгледаат вака:
Среќни празници и наздравје!
Предметен наставник
Според анализа на резултатите од анкетата што беше спровердена вчера на 27.12.2013 година на примерок од 48 студенти. Резултатите изгледаат вака:
- Предавањата по ФФА беа: корисни за 54%, разбирливи за 28.6%, одлични за 12,7%, неразбилриви за 4.7%.
- Вежбите по ФФА беа: лесни за 44,5%, ми беше задовлство да присуствувам на нив 35.2%, одлични за 18,5%, тешки за 1,8%.
- Наставникот беше подготвен на часот: 31 студент заокружил петка, 13 студенти четворка, 3 студенти тројка. Просечна оцена за наставникот 4.59 на скала од 1 до 5.
- На прашањето што треба да се менува во иднина по предметот ФФА: 75% сметаат дека треба има мали измени, 18,8% не треба да се менува ништо и 6,2% дека треба да се сменат многу работи.
- Дали проверката на знаењата е соодветна? 59,6% сметаат дека е соодветна, 6,4% дека не е соодветна, а останатите 34% не знаат да одговорат на ова прашање.
- Дали стекнатите знаења ќе ви бидат корисни во практиката? 45,8% сметаат дека ќе бидат многу корисни, 45,8% средно корисни и 8,4% нема да им користат.
Среќни празници и наздравје!
Предметен наставник
Список со ЕКТС поени Хумана генетика - декември 2013
Почитувани студенти,
Во прилог можете да го најдете завршниот список со ЕКТС поени по Хумана генетика. Само две студентки успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности од кои едната има оцена осум, другата има оцена седум.
Сите студенти што се со црвена боја одбележани треба да направат дополнителни задачи за да освојат 15 ЕКТС поени и да имаат право да полагаат испит. Доколку се уште немате земено задача, ќе треба во понеделник на 30.12.2013 од 08:30 до 10:00 да го сторите тоа.
Одговарањето на задачите ќе се одвива меѓу 8 и 20 јануари 2014 година. Терминот ќе биде навремено објавен на овој блог и на ФБ.
Сите студенти што се одбележани со зелена боја или се вонредни студенти или немаат право на потпис заради повеќе од два минуси.
Студентите што имаат под десет поени да се јават да добијат дополнителна задача, бидејќи со една задача можам да ставам максимум 5 поени.
Доколку некој студент/ка смета дека некои поени не му се впишани слободно може да се јави на консултации.

Список со ЕКТС поени Генетика (психолози) - декември 2013
Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Во прилогот ќе можете да го најдете списокот со ЕКТС поени по предметот Генетика. Две студентки има одбележанио со црвена боја што значи дека немаат освоено 15 ЕКТС поени и додека не земат задача и истата не ја одбранат, немаат право да го полагаат испитот. Ги поканувам во понеделник на 30 декември од 08:30 до 10:00 часот.

Список со ЕКТС поени по МОИ - декември 2013
Почитувани студентки од втора година,
Вие шест кои го одбравте предметот Медицински основи на инвалидноста списокот со ЕКТС поени ќе можете да го видите овде. Една од вас има девет, две имаат осум, а другите три ќе мора да се јават на испит во јануарска сесија. За жал Благица Ларазровска ќе мора да се јави во понеделник од 08.30 до 10:00 за да добие дополнителна задача.

Список со ЕКТС поени по ФФА и Физиологија - декември 2013
Почитувани студенти,
Во прилог можете да го најдете завршниот список со ЕКТС поени по Физиологија со функционална анатомија и Физиологија. Само пет студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности од кои двајца имаат оцена девет, една има осум и двaјца студенти имаат оцена шест. Од нив Моника Ѓорѓиеска и Косиќ Милена мора да одговараат заради тоа што се условно пуштени на првиот и вториот колоквиум.
Сите студенти што се со црвена боја одбележани треба да направат дополнителни задачи за да освојат 15 ЕКТС поени и да имаат право да полагаат испит. Доколку се уште немате земено задача, ќе треба во понеделник 30.12.2013 од 08:30 до 10:00 да го сторите тоа.
Одговарањето на задачите ќе се одвива меѓу 8 и 20 јануари 2014 година.
Сите студенти што се одбележани со зелена боја или се вонредни или немаат право на потпис заради повеќе од два минуси.
Студентите што имаат под 10 поени и што земале само една задача ќе мора да се јават да добијат уште една задача, бидејќи за една завршена задача давам максимум 5 поени.

Monday, December 23, 2013
Резултати од вториот колоквиум ХГ - декември 2013
Почитувани студентки,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Хумана генетика. Честитки за положените.
Предметен наставник
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по Хумана генетика. Честитки за положените.
Предметен наставник
Sunday, December 22, 2013
Студентски семинари и потписи - декември 2013
Драги студентки и студенти,
Сакам да ве известам дека семинарите ќе се одржат нареднава седмица во лабораторија и тоа со почеток во 08:30 часот по следниот редослед:
Истиот ден ќе давам и потписи на тие што заслужиле, т.е. немаат повеќе од два минуса. Покрај индексите треба да ги носите и практикумите на кои што треба да ги имате сите потписи.
Авторот на овој блог го задржува правото на промена на термините заради виша сила, а вие сте должни да го проверувате овој блог пред семинарите.
Предметен наставник
Сакам да ве известам дека семинарите ќе се одржат нареднава седмица во лабораторија и тоа со почеток во 08:30 часот по следниот редослед:
- Семинар по Генетика и Физиологија (психологија) во среда на 25.12.
- Семинар по Хумана генетика во четврток на 26.12.
- Семинар по Физиологија со функционална анатомија на 27.12.
Истиот ден ќе давам и потписи на тие што заслужиле, т.е. немаат повеќе од два минуса. Покрај индексите треба да ги носите и практикумите на кои што треба да ги имате сите потписи.
Авторот на овој блог го задржува правото на промена на термините заради виша сила, а вие сте должни да го проверувате овој блог пред семинарите.
Предметен наставник
Saturday, December 21, 2013
Одржано годишното собрание на МНЗА
Почитувани колешки и колеги,
Вчера на 20.12.2013 во пријатна атмосфера во библиотеката на Институтот за дефектологија каде е и седиштето на здружението се одржа годишното собрание на МНЗА. На собранието присуствуваа 23 членови. Се усвои годишниот извештај, како и финансискиот извештај на претседателот, се предложи програма за работа во 2014 година. Од позначајните работи е дека Мануела Крчаноска е новиот технички секретар на МНЗА. Благодариме на досегашната секретарка Ана Петковска за конструктивната соработка. Се предложи да се бара средба кај Министерот на МТСП и да му се предочи дека сме неправедно изоставени во нивните реализации на дневни центри за деца со аутизам. Се дискутираше и за можноста за што подобро евидентирање на нови деца со аутистичен спектар на нарушувања. М-р Милена Илиќ Пешиќ го презентираше трудот: Квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам. Потоа, се примија три нови членови, а сите оние кои потполниле пријави, а не беа присутни не беа прифатени како нови членови. Беше заклучено да се избришат сите стари неактивни членови кои не се појавиле на ниту еден состанок, ниту активност во последните три години.
Во продолжение состанокот ќе биде илустриран со неколку слики.
Претседател на МНЗАFriday, December 20, 2013
Резултати од вториот колоквиум МОИ - 20.12.2013
Почитувани студентки,
Повелете резултати од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. сите три го положивте истиот и честитки поради тоа.
Предметен наставник
Повелете резултати од утринскиот колоквиум по Медицински основи на инвалидноста. сите три го положивте истиот и честитки поради тоа.
Предметен наставник
Резултати од вториот колоквиум ФФА и Физиологија
Почитувани студенти,
Повелете резултати од утринскиот втор колоквиум по Физиологија со функционална анатомија и Физиологија. честитки до положените.
Предметен наставник
Повелете резултати од утринскиот втор колоквиум по Физиологија со функционална анатомија и Физиологија. честитки до положените.
Предметен наставник
Wednesday, December 18, 2013
Втора колоквиумска недела
Почитувани студенти,
Утре на 19.12.2013 година започнува втората колоквиумска недела на ФЗФ. Да ве потсетам на термините по моите предмети:
20.12.2013 (петок) ФФА, МОИ, Физиологија во 08:30 часот во библиотека на нашиот Институт.
23.12.2013 (понеделник) ХГ во 08:30 часот во библиотека на нашиот Институт.
Нека е бериќетно.

Како да направите добра power point презентација
Драги мои студенти, почитувани колешки и колеги
Во пресрет на семинарите идната седмица сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра power point презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации.
Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на еклран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (телефон, електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви. За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации одтануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.
Во однос на семинарите идната седмица сакам да укажам на сите пријавени презентери дека вашите презентации треба да ми ги пратите најдоцна до понеделник 23.12.2013 година до 20 часот на мојата електронска пошта. Фајлот треба да биде именуван на следниот начин: име и презиме на презентерот-цртичка-наслов на семинарската-цртичка-кус наслов по кој предмет е семинарската работа.
Пример: Бојан Петровски-Хромозоми-ХГ. Во продолжение уште напомени за добра презентација.
Во надеж дека малку ви помогнав во вашите презентации, срдечно ве поздравувам.
Предметен наставник
Термини за полагање постдипломски испити - февруари 2014
Почитувани постдипломци,
Од февруарска сесија ќе има измени во полагањето испити. По најавата и укажувањата од Деканат само првиот член ќе биде испитувачот и комисии нема да има освен во исклучителни случаи. Затоа ви ги давам само темините по предметите кои сум носител на предметна програма.
1 декада
Аутизам 12.02.2014 во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања 13.02.2014 во 09:00 часот
2 декада
Аутизам 26.02.2014 во 09:00 часот
Медицинска рехабилитација на моторни нарушувања 27.02.2014 во 09:00 часот

Monday, December 16, 2013
Теми за подготовка за вториот колоквиум Хумана генетика
Почитувани студенти,
Во прилог се темите за подготовка на вториот колоквиум по Хумана генетика. Подгответе се добро.
Во прилог се темите за подготовка на вториот колоквиум по Хумана генетика. Подгответе се добро.
- Генски мутации
- Моногенски болести
- Пренатална дијагноза
- Конгенитални малформации
- Хромозомопатии
- Генетски аспекти на слушните нарушувања
- Генетски аспекти на оштетувања на видот
- Генетски аспекти на интелектуалната попреченост
- Генетски аспекти на миопатиите
- Генетски аспекти на аутизмот
- Генетско советување
- Генотерапија
Теми за подготовка за вториот колоквиум Физиологија
Почитувани студенти од Институтот за психологија,
Ви ги проследувам темите за подготовка на вториот колоквиум по Физиологија.
Ви ги проследувам темите за подготовка на вториот колоквиум по Физиологија.
- Сензорен нервен систем
- Моторен нервен систем
- Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
- Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
- Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
- Систем на сетила (без делот анатомија)
- Ендокрин систем
- Физиологија на учење и меморија
- Физиологија на сонот
- Физиологија на емоции
Предметен наставник
Теми за подготовка на вториот колоквиум Физиологија со функционална анатомија
Почитувани студенти,
Ви ги проследувам темите за подготовка на вториот колоквиум по ФФА.
Ви ги проследувам темите за подготовка на вториот колоквиум по ФФА.
- Сензорен нервен систем
- Болка
- Перцепција на температура
- Моторен нервен систем
- Улога на продолжениот мозок во контрола на моторните функции
- Улога на малиот мозок во контрола на моторните функции
- Улога на базалните ганглии во контрола на моторните функции
- Систем на сетила
- Ендокрин систем
- Физиологија на говор
- Физиологија на учење и меморија
Предметен наставник
Дванаесетто предавање ФФА - 17.12.2013
Почитувани студенти,
Утре вторник (17.12.2013) со почеток во 10.30 часот ќе се одржи последното предавање за овој семестар под наслов Физиологија на говорот. Прегледајте ги следните видеа за да бидете подобро подготвени за на испит.

Дванаесетто предавање ХГ - 17.12.2013
Почитувани студенти,
Во прилог се видео материјалите за последното 12-то предавање по предметот Хумана генетика. Утре ќе предавам за Генетика на аутизмот, Генетско советување и Генска терапија.

Sunday, December 15, 2013
За поместените предавања и вежби
Почитувани студенти,
Како што веќе беше најавено, заради вашата теренска настава и губењето на часовите изминатата седмица, последните предавања и вежби за овој семестар ќе ги одржиме на 17.12.2013 во лабораторија и тоа по следниот редослед:

- 08:00 часот ХГ предавања
- 10:30 часот ФФА предавања
- 13:00 часот ХГ вежби (двете групи заедно)
Денис и Денис - „Ти и јас„
Драги пријателки и пријатели,
На крајот од викендот морам да споделам една не така многу позната нумера од екстра популарните Денис и Денис под наслов „Ти и јас„ издадена во 1984 година, времето кога се појавија со новиот бран на компјутерска (електронска) музика. Се чини беа пред времето. Со препознатливиот електронски звук навистина беа екстра популарни, а сексапилот на Марина Перазиќ до денес се прераскажува на разни средби и во коментарите на јутјуб. Според мене тие се една од десетте екс ЈУ групи кои оставија траен печат на 80-тите. Одвоите 4 минути од вашето време да ја преслушате.
DJ Vac

Friday, December 13, 2013
Како да се напише, поднесе и објави научен труд
Почитувани постдипломци,
Утре, 14.12.2013 со почеток во 09:30 часот во слушална 11, ќе одржам 4 часа предавање на тема: „Како да се напише, поднесе и објави научен труд„. Предавањето е во рамките на предметот Планирање на научно истражување, задолжителен предмет во програмата на специјална едукација и рехабилитација со 60 ЕКТС кредити. Ќе стане збор за ВМРД структура на трудот, дефиниција на научен труд, ќе дадам препораки до авторите, етика на објавување на стручно-научни трудови, плагијаторство во научната работа, системски бариери за публикување, каде да публикувате и многу други интересни прашања. Ќе биде тоа уште едно поизтивно искуство на тема што ја работам повеќе години наназад. Уште еднаш благодарност до предметниот наставник, која ми отстапи 4 часа од својот предмет.
Предавачот

Thursday, December 12, 2013
Единаесетто предавање ФФА - 13.12.2013
Почитувани студенти,
Утре на предавањето по Физиологија со функционална анатомија ќе стане збор за Ендокрин систем. Доколку сакате подобро да го усвоите материјалот погледнете ги следните видео клипови.

Wednesday, December 11, 2013
Единаесетто предавање ХГ - 12.12.2013
Драги студенти,
Утре со почеток во 08:00 часот ќе се одржи единаесеттото предавање по хумана генетика. Ќе предавам за генетски аспекти на интелектуална попреченост и генетски аспекти на миопатии. На следниот линк од стариот блог ќе можете да погледнете корисни видео клипови кои ги појаснуваат болестите и синдромите што се асоцирани со овие видови инвалидност.

Поздравна реч на проф. д-р Владимир Трајковски на трибината во Обреновац
Драги колешки и колеги,
Сакам со вас да го споделам видеото на мојот поздравен говор од неодамна одржаната трибина (07.12.2013) за аутизам во Обреновац, Србија. Говорот го чита Мануела Крчаноска постдипломец и демонстратор на Институот за дефектологија. Благодарност до неа за одвоеното време. Со ова ја продолжувам соработката не само со родители од Македонија, Словенија, Хрватска, туку и со родители од Србија на кои им е неопходна нашата помош. Видеото трае 03:42 секунди, па предлагам да го погледнете.
Претседател на МНЗА

Промена во насловот на вежбата ХГ
Почитувани студенти од прва година,
За утре и задутре за вежби по Хумана генетика ќе треба да ја прочитате вежбата број 13 од практикумоит и таа носи наслов: „Структурни хромозомски аберации„. Материјалот што ви го дадов за учење минатиот пат останува за во вторник на 17.12.2013 година.

Tuesday, December 10, 2013
Веб-апликација за поддршка на Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија
Почитувани колешки и колеги,
Во прилог ви го линкувам соопштението за медиуми во врска со Веб-апликацијата за поддршка на Декларацијата за отворени образовниресурси на Македонија. Веб-апликацијата е дел од веб-сајтот www.oer.mk кој претставува своевиден ресурсен центар за
отворени образовни ресурси.Доколку се сложувате со принципите на Декларацијата ве молам онлајн да ја потпишете и со тоа да дадете придонес кон истата.
Член на координативната група
Уште два наши труда за аутизмот цитирани во International Journal of Neuropsychopharmacology
Почитувани читатели,
Сакам да ве известам дека два труда од нашиот тим се цитирани во списанието International Journal of Neuropsychopharmacology, поточно во трудот The need for a comprehensive molecular
characterization of autism spectrum disorders. Трудот има број doi:10.1017/S146114571300117X. Наши трудови кои се цитирани во него се:
Spiroski M, Trajkovski V, Trajkov D, Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O, Hristomanova S, Djulejic E, Paneva M, Bozhikov J (2009) Family analysis of immunoglobulin classes and subclasses in children with autistic disorder. Bosn J Basic Med Sci 9:283–289.
Trajkovski V, Ajdinski L, Spiroski M (2004) Plasma concentration of immunoglobulin classes and subclasses in children with autism in the Republic of Macedonia: retrospective study. Croat Med J 45:746–749.
Бидејќи трудот не е со отворен пристап и затоа ви го приложувам само резимето. Инаку списанието е во групата на Cambridge Journals што уште повеќе го зголемува значењето на цитираноста.
The need for a comprehensive molecular characterization of autism spectrum disorders
a2 Department of Neuroscience, Erasmus Medical Centre, Rotterdam, The Netherlands

Jantine A. C. Broeka1, Eva Brombachera1a2, Viktoria Stelzhammera1, Paul C. Guesta1, Hassan Rahmounea1 and Sabine Bahna1a2 c1
a1
Department of Chemical Engineering and Biotechnology, University of Cambridge, Cambridge, UK
a2 Department of Neuroscience, Erasmus Medical Centre, Rotterdam, The Netherlands
Abstract
Autism
spectrum disorders (ASD) are a heterogeneous group of disorders which
have complex behavioural phenotypes. Although ASD is a highly heritable
neuropsychiatric disorder, genetic research alone has not provided a
profound understanding of the underlying causes. Recent developments
using biochemical tools such as transcriptomics, proteomics and cellular
models, will pave the way to gain new insights into the underlying
pathological pathways. This review addresses the state-of-the-art in the
search for molecular biomarkers for ASD. In particular, the most
important findings in the biochemical field are highlighted and the need
for establishing streamlined interaction between behavioural studies,
genetics and proteomics is stressed. Eventually, these approaches will
lead to suitable translational ASD models and, therefore, a better
disease understanding which may facilitate novel drug discovery efforts
in this challenging field.
Key words: Autism spectrum disorder (ASD); biomarker; omic platforms; pre-clinical models
Monday, December 9, 2013
Музички Мементо: Дадо Топиќ - Елизабет
Драги пријателки и пријатели,
Продолжен викенд, државен празник „Св. Климент" и мислите одма лутаат "back in time". Се навраќам на култната 1980 година кога песната Елизабет од Дадо Топиќ беше хит над хитовите, кога детската љубов кон соученичките ја покажувавме со пеење на оваа песна, само го менувавме името. „...Елизабет ти више ниси клинка, Елизабет ти ме волиш лудо мало, шашаво, Елизабет лудuјем за тобом.... ти си најбоља у разреду и знаш да спикаш енглески...„ Ех, неповратни времиња... Знам дека многу луѓе ќе навратам во убави води, а можеби некои од помладите за прв пат ќе ја слушнат, бидејќи во последно време и не е така многу експлоатирана од радио и ТВ станиците. Ја проследувам снимката на песната од 2011 во емисијата: „Вечер со Иван Ивановиќ„. Останете ми во добро расположение.

Saturday, December 7, 2013
About Journal of Special Education and Rehabilitation
Serial type: Journal
Format: Print and Electronic version
ISSN: 1409-6099
(Print); ISSN: 1857-663X (Online)
Subject code: Special education and rehabilitation sciences, Medical sciences,
Publisher: Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, Skopje
Country: Macedonia
Start year: 1997
Content type: Academic/Scholarly
Editorial
description: Covers Special Education and Rehabilitation sciences, Disability
Studies, Medical Basis of Disability, Pedagogy, Psychology, Social Work and
Social Policy. Following articles will be considered for publication:
original and review articles, short report, letters to the
editor, clinical experiences, survey of cases, doctoral dissertations,
master of arts, editorials, rapid communications.
Web site: http://jser.fzf.uki.edu.mk
Language: English/Macedonian
Key features: Abstracted and Indexed, Refereed, Peer-reviewed.
Editor: Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, MD, PhD (Editor-in-Chief)
Corresponding Publisher: Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, Skopje. Address: Blvd. Goce Delchev 9A, 1000 Skopje, Macedonia. Phone: + 389 2 3148 834; Fax: + 389 2 3118 143: E-mail: jser@fzf.ukim.edu.mk; jser.dtp@gmail.com http://www.fzf.ukim.edu.mk.
Frequency: quarterly
Principles and Ethics in Scientific Communication in Biomedicine
Почитувани колешки и колеги,
Principles and Ethics in Scientific Communication in Biomedicine е насловот на трудот на проф. д-р Дончо Донев од Институтот за социјална медицина, мој драг повозрасен колега и пред се` добар пријател. Зошто го постирам ова на мојот блог? Па затоа што е реткост повозрасен колега и тоа од Медицинскиот факултет во Скопје да ве цитира два пати во ист труд. Под референца 22 цитиран сум со трудот: Trajkovski V. Ethics in publishing scientific papers. [In Macedonian]. Godisen zbornik na Filozofskiot fakultet, Univerzitet “Sv. Kiril i Metodij”, Skopje, 2011: 453-67. Под референца 24 цитиран сум со трудот: Trajkovski V. Plagiarism in the scientific research. [In Macedonian]. Godisen zbornik na Filozofskiot fakultet, Univerzitet “Sv. Kiril i Metodij”, Skopje, 2012: 262-273.
Трудот е објавен во Acta Inform Med. 2013; 21(4): 228-233. doi: 10.5455/aim.2013.21.228-233
Во продолжение ви го пренесувам апстрактот, а целиот труд можете да го симнете преку отворен пристап на следниот линк.
Со овој пост сакам да му упатам јавна благодараност на професорот Донев заради несебичноста во цитирањето.
Цитираниот

Introduction and aim: To present the basic principles and standards of scientific communication and writing a paper, to indicate the importance of honesty and ethical approach to research and publication of results in scientific journals, as well as the need for continuing education in the principles and ethics in science and publication in biomedicine. Methods: An analysis of relevant materials and documents, sources from the internet and published literature and personal experience and observations of the author. Results: In the past more than 20 years there is an increasingly emphasized importance of respecting fundamental principles and standards of scientific communication and ethical approach to research and publication of results in peer review journals. Advances in the scientific community is based on honesty and equity of researchers in conducting and publishing the results of research and to develop guidelines and policies for prevention and punishment of publishing misconduct. Today scientific communication standards and definitions of fraud in science and publishing are generally consistent, but vary considerably policies and approach to ethics education in science, prevention and penal policies for misconduct in research and publication of results in scientific journals. Conclusion: It is necessary to further strengthen the capacity for education and research, and raising awareness about the importance and need for education about the principles of scientific communication, ethics of research and publication of results. The use of various forms of education of the scientific community, in undergraduate teaching and postgraduate master and doctoral studies, in order to create an ethical environment, is one of the most effective ways to prevent the emergence of scientific and publication dishonesty and fraud.
Key words: scientific communication, principles, ethics; IMRAD structure, scientific fraud, plagiarism, ethics education.Introduction and aim: To present the basic principles and standards of scientific communication and writing a paper, to indicate the importance of honesty and ethical approach to research and publication of results in scientific journals, as well as the need for continuing education in the principles and ethics in science and publication in biomedicine. Methods: An analysis of relevant materials and documents, sources from the internet and published literature and personal experience and observations of the author. Results: In the past more than 20 years there is an increasingly emphasized importance of respecting fundamental principles and standards of scientific communication and ethical approach to research and publication of results in peer review journals. Advances in the scientific community is based on honesty and equity of researchers in conducting and publishing the results of research and to develop guidelines and policies for prevention and punishment of publishing misconduct. Today scientific communication standards and definitions of fraud in science and publishing are generally consistent, but vary considerably policies and approach to ethics education in science, prevention and penal policies for misconduct in research and publication of results in scientific journals. Conclusion: It is necessary to further strengthen the capacity for education and research, and raising awareness about the importance and need for education about the principles of scientific communication, ethics of research and publication of results. The use of various forms of education of the scientific community, in undergraduate teaching and postgraduate master and doctoral studies, in order to create an ethical environment, is one of the most effective ways to prevent the emergence of scientific and publication dishonesty and fraud.
Со овој пост сакам да му упатам јавна благодараност на професорот Донев заради несебичноста во цитирањето.
Цитираниот
Wednesday, December 4, 2013
Видео: Впечатоци од студенскиот семинар во Златибор 2013
Почитувани студенти,
Ви прилог е видеото со впечатоците од неодамна завршениот студентски семинар во Златибор. Студентскиот парламент на ФАСПЕР прави обид да направи новинарски прилог со впечатоците од учесниците на семинарот. Во прилогот ќе можете да ги видите впечатоците на проф. д-р Миленко Кундачина, моите размисли од 3:59 до 7:55, па потоа следуваат студентските видувања на студенти од ЕРФ Загреб, одделот за дефектологија од Љубљана, наши неколку студенти и од ЕРФ Тузла. Одовоите некои 19:49 минути да го прегледате ова интересно видео.
Член на научен одбор

Видео снимка од отворањето на студентскиот семинар во Златибор
Почитувани студенти,
Како што веќе знаете од 20 до 24 ноември во Златибор се одржа студентскиот семинар за студенти по специјална едукација и рехабилтација од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и 17 студенти од Македонија. Во прилог се поздравните говори на организаторите Никола, Саво, Ранко и мојот кој започнува на 5:21 и трае до 8:57. Предлагам да го погледнете ова видео за да можете барем малку да ја доловите атмосферата од студентскиот семинар. Му благодарам на Милош од Студентскиот парламент на ФАСПЕР кој предмалку го сподели ова видео со мене.
Член на научниот одбор

Tuesday, December 3, 2013
15 ЕКТС поени - декември 2013
Почитувани студенти,
Сакам да ве информирам дека на 06.12.2013 ќе има термин за одговарање за добивање 15 ЕКТС поени. Ова се однесува на сите вонредни студенти и оние од повозрасните генерации кои се уште немаат освоено 15 поени по моите предмети. Терминот е од 09:00 до 13:00 часот.

Термини за испити септемвриска сесија 2014
Почитувани студенти,
Овде веќе се работи за долгорочно планирање или предвидување на испити 10 месеци однапред. Поради тоа што мислам дека е прерано давањето термини сега, го задржувам правото на промена на термините заради учество на конгрес или друга виша сила. Студентите имаат право да изберат само една декада за еден испит.
1 декада
03.09.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
04.09.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
2 декада
10.09.2014 - ФФА, Генетика и Физиологија во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
11.09.2014 - ХГ, ХГ1, ХГ2, МОИ, МОИ1 и МОИ2 во 08.15 часот библиотека Институт за дефектологија
Предметен наставник
Monday, December 2, 2013
3 декември
Почитувани пријатели,
Утре е 3 декември - меѓународниот ден на лицата со инвалидност. По тој повод Институтот за дефектологија организира пригодна манифестација со богата програма во знак на чествување на тој ден. Иако не сум во својство на раководител на институтот почувствував потреба вака јавно да ве поканам сите заинтересирани да дојдете утре во 11 часот во големиот амфитеатар на ФЗФ.
Во продолжение програмата од настанот. Повелете ве очекуваме.
Член на колегиумот на институтот

Sunday, December 1, 2013
Два труда од JSER цитирани во Nepal Journal of Epidemiology
Почитувани колешки и колеги,
Сакам да ве известам дека два труда од JSER се цитирани во Nepal Journal of Epidemiology од страна на колегата Ram Lakhan, кој несебично о чини тоа зголемувајќи го рејтингот на списанието. Трудот носи налсов „Social, Environmental and Biological Determinants of Cerebral Palsy in Children with Intellectual Disabilities (ID) in Indiа„, а обратете внимние на референците 12 и 14.
Главен и одговорен уредник

Дел од моето интервју за ВЕСТ
Драги мои,
Пред некој ден ми се јави новинарката Елица Ангеловска од „Вест„ и побара да и дадам одговор на некои прашања поврзани со аутизмот. Јас ја замолив да го стори тоа по електронска пошта. Потоа се распишував по тастатурата и еве го резултатот, иако морам да признаам дека не е ставено сето она што го напоменав. Претпоставувам дека морало да се остави простор и за другите соговорници. Интервјуто можете да го симнете овде.

Subscribe to:
Posts (Atom)