На крајот од викендот морам да споделам една не така многу позната нумера од екстра популарните Денис и Денис под наслов „Ти и јас„ издадена во 1984 година, времето кога се појавија со новиот бран на компјутерска (електронска) музика. Се чини беа пред времето. Со препознатливиот електронски звук навистина беа екстра популарни, а сексапилот на Марина Перазиќ до денес се прераскажува на разни средби и во коментарите на јутјуб. Според мене тие се една од десетте екс ЈУ групи кои оставија траен печат на 80-тите. Одвоите 4 минути од вашето време да ја преслушате.
DJ Vac
No comments:
Post a Comment