Почитувани постдипломци,
Утре, 14.12.2013 со почеток во 09:30 часот во слушална 11, ќе одржам 4 часа предавање на тема: „Како да се напише, поднесе и објави научен труд„. Предавањето е во рамките на предметот Планирање на научно истражување, задолжителен предмет во програмата на специјална едукација и рехабилитација со 60 ЕКТС кредити. Ќе стане збор за ВМРД структура на трудот, дефиниција на научен труд, ќе дадам препораки до авторите, етика на објавување на стручно-научни трудови, плагијаторство во научната работа, системски бариери за публикување, каде да публикувате и многу други интересни прашања. Ќе биде тоа уште едно поизтивно искуство на тема што ја работам повеќе години наназад. Уште еднаш благодарност до предметниот наставник, која ми отстапи 4 часа од својот предмет.
Предавачот
No comments:
Post a Comment