Sunday, December 22, 2013

Студентски семинари и потписи - декември 2013

Драги студентки и студенти,
Сакам да ве известам дека семинарите ќе се одржат нареднава седмица во лабораторија и тоа со почеток во 08:30 часот по следниот редослед:
  1. Семинар по Генетика и Физиологија (психологија) во среда на 25.12.
  2. Семинар по Хумана генетика во четврток на 26.12.
  3. Семинар по Физиологија со функционална анатомија на 27.12.
Презентациите треба да ги предадете најдоцна до утре (понеделник) во 20:00 часот, а во претходен пост ви имам објаснето како да ги направите.
Истиот ден ќе давам и потписи на тие што заслужиле, т.е. немаат повеќе од два минуса. Покрај индексите треба да ги носите и практикумите на кои што треба да ги имате сите потписи.
Авторот на овој блог го задржува правото на промена на термините заради виша сила, а вие сте должни да го проверувате овој блог пред семинарите.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment