Вчера на 20.12.2013 во пријатна атмосфера во библиотеката на Институтот за дефектологија каде е и седиштето на здружението се одржа годишното собрание на МНЗА. На собранието присуствуваа 23 членови. Се усвои годишниот извештај, како и финансискиот извештај на претседателот, се предложи програма за работа во 2014 година. Од позначајните работи е дека Мануела Крчаноска е новиот технички секретар на МНЗА. Благодариме на досегашната секретарка Ана Петковска за конструктивната соработка. Се предложи да се бара средба кај Министерот на МТСП и да му се предочи дека сме неправедно изоставени во нивните реализации на дневни центри за деца со аутизам. Се дискутираше и за можноста за што подобро евидентирање на нови деца со аутистичен спектар на нарушувања. М-р Милена Илиќ Пешиќ го презентираше трудот: Квалитетот на односот меѓу браќата и сестрите во семејствата кои имаат дете со аутизам. Потоа, се примија три нови членови, а сите оние кои потполниле пријави, а не беа присутни не беа прифатени како нови членови. Беше заклучено да се избришат сите стари неактивни членови кои не се појавиле на ниту еден состанок, ниту активност во последните три години.
Во продолжение состанокот ќе биде илустриран со неколку слики.
Претседател на МНЗА
No comments:
Post a Comment