Почитувани студенти,
Во прилог можете да го најдете завршниот список со ЕКТС поени по Хумана генетика. Само две студентки
успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности од кои едната има оцена осум, другата има оцена седум.
Сите студенти што се со црвена боја одбележани треба да направат
дополнителни задачи за да освојат 15 ЕКТС поени и да имаат право да
полагаат испит. Доколку се уште немате земено задача, ќе треба во
понеделник на 30.12.2013 од 08:30 до 10:00 да го сторите тоа.
Одговарањето на задачите ќе се одвива меѓу 8 и 20 јануари 2014 година. Терминот ќе биде навремено објавен на овој блог и на ФБ.
Сите студенти што се одбележани со зелена боја или се вонредни студенти или немаат право на потпис заради повеќе од два минуси.
Студентите што имаат под десет поени да се јават да добијат дополнителна задача, бидејќи со една задача можам да ставам максимум 5 поени.
Доколку некој студент/ка смета дека некои поени не му се впишани слободно може да се јави на консултации.
Предметен наставник
No comments:
Post a Comment