Saturday, December 28, 2013

Список со ЕКТС поени по ФФА и Физиологија - декември 2013

Почитувани студенти,
Во прилог можете да го најдете завршниот список со ЕКТС поени по Физиологија со функционална анатомија и Физиологија. Само пет студенти успеаа да го положат испитот преку колоквиуми и активности од кои двајца имаат оцена девет, една има осум и двaјца студенти имаат оцена шест. Од нив Моника Ѓорѓиеска и Косиќ Милена мора да одговараат заради тоа што се условно пуштени на првиот и вториот колоквиум.
Сите студенти што се со црвена боја одбележани треба да направат дополнителни задачи за да освојат 15 ЕКТС поени и да имаат право да полагаат испит. Доколку се уште немате земено задача, ќе треба во понеделник 30.12.2013 од 08:30 до 10:00 да го сторите тоа.
Одговарањето на задачите ќе се одвива меѓу 8 и 20 јануари 2014 година.
Сите студенти што се одбележани со зелена боја или се вонредни или немаат право на потпис заради повеќе од два минуси.
Студентите што имаат под 10 поени и што земале само една задача ќе мора да се јават да добијат уште една задача, бидејќи за една завршена задача давам максимум 5 поени.
Доколку некој студент/ка смета дека некои поени не му се впишани слободно може да се јави на консултации.
Предметен наставник

No comments:

Post a Comment