Thursday, July 9, 2015

„Излажи ме" со 70 гитари

Драги пријателки и пријатели,
Како се зголемува температурата, така започнува и летниот одмор што значи повеќе простор за музика на мојот блог која беше малку запоставена во изминатиот период. Пред два дена на екстра популарниот јутјуб е поставена нумерата „Излажи ме" од Тоше Проески во изведба на почесниот доктор на науки на УКИМ д-р Влатко Стефановски и 70 други гитаристи. За толку кратко време е прегледана околу 40.000 пати (сензационално за овој простор). Имено тој од 24 до 26 јуни во спомен куќата на Тоше Проески одржал гитарска работилница, а оваа нумера е од неговиот завршен концерт. Вчера ја постирав на мојот приватен ФБ профил, се надевам дека нема да ми забележите што ја повторувам и на мојот блог. Мора да се согласите дека само на брлијатни умови може да им дојде ваква маестрална идеја. Кога ја преслушувате нумерата барем еднаш кожата ви се наежува. Ако до тоа не дојде, зрели сте за проверка на тактилниот сензориум :)
Уживајте во следните 4:48 минути!


DJ Vac


No comments:

Post a Comment