Tuesday, May 31, 2016

Список на ЕКТС поени по предметот МОИ 2015/16

Почитувани студенти,
Во прилог е списокот на освоени ЕКТС поени по предметот Медицински основи на инвалидноста. Само 5 студенти го положија испитот преку активности и колоквиуми и тоа честири студенти со оцена 7, и една студентка со оцена 8. Кој не е задоволен со оцената може испитот да го препопала устно, но мора да ми се пријави најдоцна до четврток 2 јуни. Останатите што се со црвена боја треба да одработат задача. Тие што се со зелено треба исто така да одработат задачи или да преслушуваат наредната година со прва учебна година. Тие или се вонредни студенти, или направиле многу минуси или се откажале од студирањето. Во престојната сесија и по другите мои предмети морате да имате минимум 15 ЕКТС поени за да може да полагате испити.
Среќно испитна сесија!
Предметен наставник

Резултати од вториот колоквиум по МОИ - 31.05.2016

Почитувани студенти,
Во прилог се резултатите од утринскиот колоквиум по предметот Медицински основи на инвалидноста. Од 11 студенти само 8 го положија вториот колоквиум и се стекнаа со право за оцена. Првото пишување оцени ќе биде на крајот од првата декада за што ќе биде дополнително објавен термин на овој блог. За жал другите три не учеле, како што сами си кажаа по колоквиумот.

Реден број
Број на индекс
Бодови
1.       
9089/15
23
2.       
23293/14
22.5
3.       
23088/13
21.5
4.       
23749/15
20.5
5.       
23744/15
20.5
6.       
23123/13
19
7.       
23759/15
18.5
8.       
23769/15
18
9.       
23790/15
12.5
10.   
23737/15
5
11.   
8521/14
4

Предметен наставник

Monday, May 30, 2016

Активности за 31 мај 2016

Почитувани студенти,
Утре е 31 мај, последниот ден од семестарот. Следуваат завршните активности по следниот редослед:

  1. Втор колоквиум МОИ во 08:00 часот;
  2. Семинар МОИ во 09:00 часот;
  3. Потписи по завршување на семинарот;
  4. Одговарање за 15 ЕКТС поени;
  5. Прегледување на тестови и објавување на резултати.
Напомена: активностите од реден број 1 до 4 ќе се одвиваваат во лабораторијата на ПФ (стандардно место) и потребно е студентите да бидат барем 10 минути порано пред закажаните термини.
Предметен наставник

Friday, May 27, 2016

Напомени за презентациите МОИ

Драги мои студенти, почитувани колешки и колеги
Во пресрет на семинарите идната седмица сакам да ви дадам некои напатствија како да направите добра  power point  презентација. Искрено се надевам дека нешто од ова ќе го примените во вашите презентации. 

Презентирањето е процес на пренос на информации и притоа треба да внимавате на сите детали и да имате добар контакт со публиката. При презентирањето треба да знаете на која целна публика и се обраќате (во училиште, на клиника, на институт, презентирање на семинарски труд, научен труд, приказ на проект, итн.). Презентацијата е помош за предавачот, а не негова замена. Слајдот треба да ги нагласи битните елементи од предавањето и да укаже на тоа што предавачот го зборува. Слајдот треба да е кус, директен и да вклучува само клучни зборови. За да може вашата презентација да биде прикажана на екран или ѕид, текстовите и сликите треба да бидат во рамка од 95% од слајдот.
Структурата на презентација треба да изгледа вака:
Прв слајд: од кој универзитет, факултет, институт доаѓате, наслов на темата, датум и каков тип на случување е тоа, кој е предавачот.
Втор слајд: основна порака за да привлечете што поголемо внимание.
Трет слајд: преглед на презентацијата (содржина на пример).
Останати слајдови: на врвот наслов на секој слајд и важни елементи кои треба да се потсетник за предавачот. Сите слајдови треба да се нумерирани.
Последен слајд: контакт информации (електронска пошта, веб страница, Фејсбук адреса, блог, Твитер и сл.).
Треба да се придржувате до формата на слајдовите. Наслови, поднаслови и логоа треба да се појавуваат на исто место на сите слајдови. Маргините, фонтовите и боите треба да се во склад со графиконите кои секогаш треба да се наоѓаат на исто место во секој слајд.
Конкретно времетраењето за презентација на семинарските трудови ќе изнесува 10 минути што значи дека треба да имате помеѓу 10 и 15 слајдови.
Не смее да има пренатрпаност на слајдовите со многу текст. Не треба да има вишок на информации. Понекогаш графиконите и сликите можат да се префрлат на други слајдови.
Фонтовите треба да бидат читливи и доволно големи. За основен текст големина најмалку 24, за поднаслови 32, а за наслови 36, 40, или поголеми. Препорачани фонтови се: Times New Roman, Arial, Tahoma, Verdana во МК поддршка за кирилица. Фонтот треба да биде стандардизиран низ целата презентација. Италик не користете бидејќи е тешко за читање. Потцртување се прави само за хиперлинкови. Користете друга боја или болдирање ако сакате нешто да потенцирате. Курзив се користи за цитати, да нагласи одредено мислење или идеи, за наслови на книги, или на списанија. Треба да изберете прикладни, контрастни бои кои треба да се складни со позадината и да не биде прешарено. Користете иста позадина за секој слајд, не експериментирајте премногу. Менувањето на стилот на позадината го одвлекува вниманието. Не користете позадини во кои текстот ќе биде слабо читлив. Секогаш треба да се води сметка за контрастот на боите. При избор на боја водете сметка за просторијата и светлината во неа. Ако просторијата е темна, позадината може да биде темна со светли букви (прим. сино и жолто). Ако просторијата е светла, подобро да се користи светла позадина со темни букви.  За графиконите, сликите и шемите бидете сигурни дека публиката може да ги прочита. Графиконот е визулено поприфатлив начин за претставување на броеви, отколку табела. Илустрациите користете ги кога ќе ви затребаат. Треба да се однесуваат на главната порака, на поентата на предавањето. Едноставните дијаграми се одлични за комуникација со публиката. Графиконите, сликите и анимациите придонесуваат за разбивање на монотонијата во предавањето. При изборот на анимација бидете внимателни да не се одвлече вниманието на слушателите од главната приказна на предавачот. Користете набројување со бројки кога има логични сукцесивни чекори.
Не ги користете медиумите да се сокриете позади компјутерот или проекторот. Медиумите треба да ја подобрат презентацијата, а не да бидат презентација сами по себе. Треба да направите проверка на расположливото време, да се проба предавањето во домашни услови. Предолгите презентации одтануваат недоискажани, а пак прекусите презентации оставаат повеќе време за прашања. Испратете ја презентацијата за проверка дали е се во ред со фонтовите, со кодеците, со други додатоци. Имајте секогаш резервен план, на пример ако користите интернет и тој не функционира. Воопшто не треба да сте нервозни и да имате трема. Понекогаш може да се уфрли досетка, тоа го привлекува вниманието и ја разбива монотонијата, но не смее да се претера. Првиот впечаток е најбитен, не се извинувајте однапред, почекајте да се стиша публиката и почнете со голема сигурност во себе. Изразувајте се разбирливо, бидете доволно гласни, движете се ако можете. Мора да дадете енергичност во предавањето, зашто ако ви е досадно вам, тогаш секако и на публиката ќе и биде досадно. Менувајте го тоналитетот, нагласувајте, а ако треба малку и бидете драматични. Имајте контакт со очи со целата публика, а не гледајте само во една точка. Комуцирајте и со публиката и со комисијата ако се работи за одбрана на дипломски, магистерски или докторски труд.

Во однос на семинарите идната седмица сакам да укажам на сите пријавени презентери дека вашите презентации треба да ми ги пратите најдоцна до сабота 28.05.2016 година до 23 часот на мојата електронска пошта. Фајлот треба да биде именуван на следниот начин: име и презиме на презентерот-цртичка-наслов на семинарската-цртичка-кус наслов по кој предмет е семинарската работа.
Пример: Милева Каранфилова-Глауком-МОИ. Во продолжение уште напомени за добра презентација.

Во надеж дека малку ви помогнав во вашите презентации, срдечно ве поздравувам.
Предметен наставник

Tuesday, May 24, 2016

15 ЕКТС поени - 27.05.2016 - трет пат

Почитувани студенти,
Ве поканувам на освојување на 15 ЕКТС поени на 27.05.2016 (шеток) во периодот од 10:00 до 14:00 часот да си ги завршите своите обврски, доколку сакате да ги полагате испитите во јунската сесија. До испитната сесија ќе има само уште еден ваков термин во периодот од 1 до 3 јуни и толку. Затоа ве замолувам да си ги завршите обврските навремено за да не дојдете во непријатна позиција да не можете да ги полагате испитите во таа таа сесија.
Предметен наставник

Wednesday, May 18, 2016

CWTS Leiden University - Launch Leiden Ranking 2016

Почитувани колешки и колеги,
Денес излезе најновата ранг листа на универзитети според Leiden University за 2016 година. На прво место е претпоставувате - Харвард универзитетот со 32253 публикации во периодот 2011-2014 година, на второ место е Универзитетот во Торонто со 21544 публикации и трет е Универзитетот во Мичиген со 17867 публикации. Листата вклучува 842 универзитети од 53 земји од светот, меѓукои за жал ја нема Република Македонија. Од регионот на високото 179 место е Универзитетот од Белград со 4865 публикации во дадениот период. На 268 место е Универзитетот во Љубљана со 3646 публикации, а на 347 место се наоѓа Универзитетот во Загреб со 2962 публикации. Малку подолу на 756 место, но сепак е рангиран Универзитетот од Нови Сад. На листата се наоѓаат 7 универзитети од Грција, 12 универзитети од Турција, итн. А ние каде сме? Ние тонеме задушени со општествено политички проблеми. Епа нека ни е на здравје кога и универзитети од Либан заземаат повисоки места, а нашите универзитети не се ниту рангирани.
Извор: http://www.leidenranking.com

Загрижен професор


Список на освоени поени за семинарските работи по предметот МОИ

Почитувани студенти,
Како што ви ветив вчера, ви го праќам списокот на освоени поени за вашите семинарски трудови. Таму каде што е празно место, значи дека студентот не предал семинарска работа. Кому му недостасуваат поени нека повели утре консултации за 15 ЕКТС поени од 08:30-10:00 и од 11:30 до 12:15 часот.
Предметен наставник

Број на индекс Семинар
23764/15 3
23757/15  
23760/15  
8984/15  
9003/15  
23756/15 2
9140/15  
9096/15  
8981/15  
9114/15 5
9115/15  
8941/15  
9112/15 2
9155/15 5
9119/15 4
23769/15 6
23781/15 3
23778/15  
9123/15  
23786/15 4
9152/15  
8996/15  
23733/15 5
23758/15  
9089/15 6
9097/15  
8939/15 5
23767/15  
9087/15  
9134/15 3
9143/15 5
 Ј.К. 8
23770/15 6
23737/15 6
23740/15 3
23749/15 7
23763/15 4
9142/15 6
9141/15 5
23773/15 8
23790/15 4
23782/15 5
9113/15 4
8940/15 5
23768/15  
23761/15 8
9121/15 2
9149/15  
9092/15 3
23732/15 7
9002/15  
23784/15  
8945/15  
23759/15 4
9122/15 5
9066/15  
9095/15 7
23747/15 5
9001/15  
9085/15 3
8946/15  
9107/15 5
9144/15 2
8942/15 5
23754/15 5
8944/15  
8992/15 5
23731/15 2
9145/15 9
9088/15 3
23744/15 6
9124/15 3
9132/15 3
9127/15  
23783/15 0
8933/15  

Monday, May 16, 2016

Истражување за рана интервенција на деца со АСН

Почитувани родители,
Имам особена чест да ве поканам да земете учество во едно истражување што лично го спроведувам, а се однесува на раната интервенција на децата со аутистичен спектар во Република Македонија. Овој труд ќе го презентирам на конференција во Суботица во месец октомври. Доколку сте заинтересирани да земете учество во ова истражување ве замолувам да ме контактирате на следната е-пошта president@mssa.org.mk за да ви го испратам линкот до онлајн прашалникот или да ви ја пратам неговата Word документ верзија. За пополнување на истиот нема да потрошите повеќе од 10 минути. Само со поголем примерок на испитаници би се добиле порелевантни податоци.
Однапред Ви благодарам на соработката. Во очекување на вашите е-пошти, срдечно Ве поздравувам.
Со почит,
Претседател на МНЗА

Monday, May 9, 2016

15 ЕКТС поени - 16.05.2016 - втор пат

Почитувани студенти,
Поради болест на ќерката, денешните термини се одложуваат за 16.05.2016 (понеделник) во периодот од 10:00 до 13:00 часот да си ги завршите своите обврски за 15 ЕКТС поени, доколку сакате да ги полагате испитите во јунската сесија. До крајот на месец мај ќе има уште еден ваков термин. Затоа ве молам да си ги завршите обврските навремено за да не дојдете во непријатна позиција да не можете да ги полагате испитите.
Предметен наставник

Tuesday, May 3, 2016

За семинарските работи

Почитувани колешки и колеги,
Деновиве за празниците прегледав 47 семинарски работи. Некој ќе рече не е многу, некој друг ќе каже вие професорите не ги читате, само така ставате „на слепо" поени. Но, не е така, велам јас. Ги читав од прв до последен збор, како и секогаш. Со жалење морам да признаам дека овој пат семинарските трудови беа најслаби, или времето беше врнежливо, па јас сум бил малку меланхолочен и така сум ги доживел. :) Повторно провејуваат грешките со нецитирање на автори, премногу препишување на мојот учебник, технички недоследности, недоволно искористени референци, премногу печатни грешки. Овој пат открив 1-2 студенти на кои најверојатно некој им друг помагал во пишувањето. Нивните перформанси што ги прикажуваат на вежби, колоквиуми и испити не соодветствуваат со високите поени на семинарската работа. Мислам дека овие семинарски работи во ваква форма нема никаква потреба да се прават, да се читаат, заради тоа што студентите се учат на copy-paste системот, а не на научно истражувачка работа. УКИМ треба веднаш да ги укине како обврска за собирање поени. Немаат смисол повеќе... Тоа е губење време и за студентите и за нас професорите кои ревносно ги читаме и оценуваме истите. Додека бев во Сплит на хрватската пролетна педијатриска школа имав пригода да се видам со мојот драг пријател и колега проф. д-р Борут Петрлин, директор на Институтот за клиничка генетика во Љубљана, кој ми раскажа како изгледа семинарска работа на неговата ќерка студент на 5-та година на Медицинскиот факултет во Љубљана. Имено, тамошните студенти имаат се должни да изработат една семинарска работа во текот на нивниот студиум, која ја работат истражувачки, најмалку една година и која потоа треба да ја објават во списание со фактор на влијание. Ех, кога ќе помислам дека многу редовни професори од универзитетите во Македонија немаат ниту еден труд со фактор на влијание, а сепак се редовни професори. Потоа, уште не ви е јасно зашто Словенија 12 години е во ЕУ, а ние немаме абер. Ова е само еден мал пример, кој јасно ја укажува дистанцата. Има разлика нели?
Прегледувач на семинарски