Tuesday, November 7, 2017

Најава за одбрана на две магистерски тези за аутизам

Почитувани колешки и колеги,
Би сакал да најавам одбрана на две магистерски тези во наредната седмица и тоа првата за утре на Марија Максимовска од Институтот за психологија под наслов „Разлики во психолошките аспекти на родителството во семејства со дете со и без аутистичен спектар на нарушување", во која ќе бидам член на комисија и ќе се брани утре. Втората одбрана е закажана за 15.11.2017 година на колешката Ивана Василевска Петровска од Институтот за дефектологија под наслов: „Подобрување на разбирањето на емоции кај ученици со нарушување од аутистичниот спектар - евалуација на компјутерска интервенција, каде што сум ментор.
На овој начин нашата научна ризница што го обработува аутизмот како главен проблем се збогатува за уште две значајни теми.
Претседател на МНЗА


No comments:

Post a Comment