Tuesday, November 28, 2017

Докторати во Македонија

Почитувани колешки и колеги,

Ова е репост на мој пост од стариот блог објавен во јануари 2011 година. Денес го мислам истото, со надополна дека денес и докажани плагиаторки се обидувбаат да поминат на нашиот факултет. Мораме да се бориме за академскиот интегритет, инаку ептен нема да не биде.

јануари 12, 2011

Драги пријатели и пријателки,

Во Македонија секој може да пријави докторат само треба да има желба и малку пари за административни трошоци (не мислам на мито). Пиљар, пазарџија и кондураџија ако им се посака нека се пријават и имаат големи шанси да поминат. Се случува за една година некому да му се посака да го заврши докторатот и доколку менторот тоа го одобри од разно разни причини тогаш на задоволството на кандидатот ќе му нема крај. Се случува кандидат без ниту еден објавен труд во домашно и странско списание да му помине докторатот. Можно е да помине и докторат кој методолошко статистички е катастрофално поставен и пак ништо. Тој/таа може пред 1,5 години да магистрирале и за тој временски период да не настапила научна ферментација и пак да си докторираат истите. Можете да се борите колку сакате против оваа аномалија, но ќе бидете како Давид против Голијат или 6:1 во ноќта глува. Можете и да пишувате петиции и да станете на ННС и да дискутирате против и повторно никому ништо. Некој си ја тера агендата, вие може попрво да цркнете од мака за неправдата према научната вистина, но за тоа нема никому да му биде гајле. Ако е вака на државните универзитети, како ли е на приватните се прашувам? Сигурно многу полошо и подраматично. Дали ние профсорите не сме доволно критични и пуштаме секого и сешто за некои други интереси? Дали тоа ние го допревме дното или има уште подолу и подлабоко тонење во калта? Многу жалам за оние вистински кандидати кои најмалку 3-4 години студиозно работат на своите докторати, кои истите ги објавуваат во списанија со импакт фактор, докторанти кои со многу мака ја стекнале таа титула. И тие и оние првите ќе се стекнат со титула доктор на науки. Но, овие првите секогаш ќе бидат лузери, недопечени сировини, подложни на потсмев. Тие нема да му донесат ништо добро на македонското општество и на македонската наука. Quo vadis homo professorius?

Раскажувачот

No comments:

Post a Comment