Сакам да споделам со вас некои должноси на менторот при изработка на докторската дисертација.
Менторот треба да обезбеди соодветни работни услови и интелектуална клима во која докторандот ќе го развива и извршува своето истражување. Менторот осигурува дека за време на работата на докторската дисертација докторандот може да стекне и други основни вештини што ќе му овозможи успешно да ги извршува задачите што го чекаат откако ќе го одбрани докторатот надвор од научната заедница.
Менторот е одговорен за ефикасноста на докторската работа и тој мора да го поттикне докторандот да ја заврши својата работа во разумно време. Менторот е одговорен за создавање на пријатна професионална работна средина вклучувајќи ја тука помошта во одбирањето на истражувачка група.
Менторот создава средина во која се почитува академскиот интегритет (на пример, заштитата на личните податоци на испитаниците, одговорното авторство, избегнување на конфликт на интереси).
Специфичните задачи на менторот се:
- Помогнете го докторандот за да го спроведе планот на истражувањето и доколку е потребно да се прилагодите на секој поединец;
- Да му помогне на докторандот да вклучи во истражувањето еден поширок контекст;
- Да му помогне на докторандот во толкувањето и анализата на резултатите добиени од истражувањето;
- Поттикнете го докторандот да ја претстави својата работа, редовно да присуствува при презентирање и давање повратни информации за неговиот успех во презентирањето на сопствените резултати на истражувањето;
- Поттикнување на докторските студенти критички да размислуваат за сопствената истражувачка работа;
- Воведување на докторандот во светот на истражувањето, вклучете го во истражувањата кои ги правите во рамките на своите истражувачки групи, направете му контакт со истражувачи кои вршат истражувања во неговата област на национално и меѓународно ниво и поттикнете го активно да учествува на конференции и да соработува со колеги и институции во областа на неговото истражување;
- Поттикнување на докторандот да ги објави резултатите од своето истражување во меѓународно признати списанија;
- Објаснете ги можностите за објавување на резултатите, и научете го да пишува научни трудови, помогнете во подготовка за нивно објавување, и во рамките на тоа, да докторандот да биде прв автор на публикации.
Менторот
No comments:
Post a Comment