Често пати говорам за улогата на менторот во процесот на едукацијата. Дискутирам за тоа која е неговата улога, може ли секој секому да биде ментор? На што треба да внимава студентот при изборот на менторот. Затоа сега решив да споделам некои размислувања со вас. Можеби ова ќе му помогне на некој кандидат при изборот на ментор.
Менторот треба да:
- понуди поддршка и охрабрување,
- се подготви за својата сопствена експертиза за да им помогне наистражувачите да ги развијат своите истражувања и публикации,
- обезбедува совети и дава поддршка на истражувач во изготвување налични истражувања и план за работа, вклучувајќи поставување на цели и задачи на истражувањето,
- дејствува како резонатор или огледало за истражување на идеите ипрашањата што произлегуваат од истражувањата кои се спроведуваат на одредена тема,
- даде конструктивен фидбек на истражувањето што се спроведува,
- прочита и да даде коментари за нацрт документи за објавување,
- нуди совети и насоки за соодветни списанија за трудовите да бидат доставени во правилна форма,
- се ангажира во заеднички мониторинг на постигнувањето на целите и напланираните исходи заедно со истражувачот,
- дејствува како соодветен пример во нивниот капацитет и како истражувач и како ментор,
- биде колегијално настроен кон кандидатот.
Како да идентификувате добар ментор?
Основната група на ментори ќе бидат идентификувани од поискусни истражувачи на факултетите врз основа на следните размислувања:
Добриот ментор мора да има објавено најмалку пет труда во рецензирани академски списанија и тоа со фактор на влијание, да има покани за реализација како предавач на конференции, итн.
Искуство на менторство или слична улога (ова може да вклучуваат, на пример, учество во обезбедувањето поддршка и надзор на своите колеги, разгледување на материјали за објавување, спроведување на наставата и истражување на предмети).
Треба да има искуство за надгледување на други истражувачи (ова може да вклучува, на пример, надзор на напредни истражувања на студентите, да биде раководител на проект).
Драги студенти, размислете добро при одбирањето на менторот дали целта на дипломската, магистерската или докторската теза е побрзо да се заврши одбраната и да се протрча низ процесот на нејзина одбрана, или спротивното менторот постапно, со повеќе барања од вас да ве доведе до стадиум на зрел истражувач.
No comments:
Post a Comment