Почитувани новинари, драги колеги и колешки,
Еднодневната конференција "Помош и поддршка на родителите на децата со аутизам#, која се одржа во рамките на европскиот проект "Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство# (ESIPP), ја подигна свеста за важноста на образованието на родителите на деца со аутизам и беше споделена работата и експертизата на партнерите во проектот со пошироката публика.
Повеќе од 150 родители, креатори на политики, стручњаци, универзитетски професори и други засегнати страни имаа можност да научат повеќе за едукацијата на родителите на децата со аутизам во Македонија, Хрватска и Кипар и Програмата за образование на родители на ESIPP, развиена во соработка со партнери од Европа. Конференцијата се одржа во Музејот на македонската борба и беше организиран од Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА).
Пред конференцијата, креаторите на политиките во Македонија и претставниците на ESIPP проектот од Универзитетот во Нортхемптон (Обединето Кралство), МНЗА, родител на дете со аутизам, претставници на МОН и државен советник во Владата на РМ одржаа дискусија на округла маса за да разменат идеи и да видат кои се предизвиците со кои се соочуваат родителите на деца со аутизам во Македонија.
Присутните на конференцијата учествуваа на работилниците "Управување со сензорната чувствителноста кај аутизмот" и "Несакано однесување - разбирање и практични стратегии", презентирани од партнерите на ESIPP и тоа од: Target Autism (Обединето Кралство), Центарот за пракса за проценка на аутизмот (Кипар) и МНЗА. Сите овие различни презентации од партнерите на ESIPP беа поддржани со видеа со цел споделување на сведоштва на различни родители кои веќе учествуваа во различни ESIPP тренинг сесии.
Позадина
Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство (ESIPP) проектот кој се фокусира на нудење на едукација и обука за родителите на децата со аутизам. Во периодот од септември 2015 до август 2018 година, проектот е финансиран од Програмата Еразмус + на Европската комисија.
Аутизмот е невроразвојна состојба, која се карактеризира со тешкотии во социјалната комуникација и социјалната интеракција, како и ограничено и повторувачко однесување и интереси. Има околу 5 милиони луѓе во аутистичкиот спектар во Европа - околу 1 на секои 100 луѓе - кои секојдневно влијаат врз животот на повеќе од 20 милиони луѓе.
За повеќе информации:
МНЗА контакти:
www.mssa.org.mk
president@mssa.org.mk
ESIPP контакти:
www.esipp.eu
info@esipp.eu
No comments:
Post a Comment